08.11.2023

Нашата винска куќа во Струга има автентична приказна

Нашата винска куќа во Струга има автентична приказна

Шетајќи се низ старата струшка чаршија, тимот на Кајак.мк наиде на еден доста уникатен објект кој останал да му другарува на минатото. Надворешната уникатност на објектот не примами да ја истражиме внатрешноста и дознаеме со каква приказна се соочува домаќинот.


Главната влезна врата на објектот е доста уникатна, а внатрешното приземје нуди топол пречек на гостите. Со самото влегување во куќата ќе се соочите со микс од разни мизири кои се шират од сите страни. Објектот има повеќе простории за дружење. На самиот влез на куќата го запознавме Цветко, домаќинот кој ни ја раскажа приказната за винската куќа која и дава пулс на струшката чаршија.


Цветко нѐ запозна со самиот објект и ни ја раскажа приказната за која се надеваме дека ќе имате прилика да ја доживеете на лице место.


Денес, старата автентична винска куќа во Струга има задача да го промовира македонското вино од малите семејни винарии. Цветко вели дека како љубител и производител на добро вино одлучил да создаде место каде вљубениците на виното ќе може да уживаат во амбиент кој е во склад со виното. Па од тие причини тој започнува соработка со повеќе мали семејни винарии, а покрај останатите нуди и сопствено домашно вино произведено под на струшкото поднебје.


Овде можете да најдете широка палета на вина и ракии, алкохолни и безалкохолни пијалоци, разно висококвалитно сирење и кашкавал од италијански производители, како и гурмански пршути и салами.


Работното време на винската куќа во Струга е секој ден од 14:00 до 24:00 часот, а повеќе информации за контакт телефон и локација можете да најдете во нашата база на гастрономија или со еден клик ОВДЕ.

Остави Коментар

Коментари

  • Ivana Naumoski

    04.01.2024 15:27

    Sretno,Uvek su Avramovski braća bili drugačiji ,vredni posebni.. Detinjstvo i letovanje provela sam sa njima,Srećno i berićetno!!!pozdrav iz Beograda...

Прочитајте повеќе

Организиравме незаборавен тим-билдинг со кино под отворено небо и вечера на Св.Заум

Организиравме незаборавен тим-билдинг со кино под отворено небо и вечера на Св.Заум. Кајак.мк со уникатни тим билдинг патувања во Македонија.

Македонија на две тркала: Најубавите моторџиски патишта и авантури низ скриените предели

Моторџиски патишта во Македонија: Најубави рути за возење со мотор Откријте ги најдобрите моторџиски рути во Македонија – планински превои, езера, села, природа и авантури за љубителите на мото туризмот.

Што се случува оваа недела во Македонија: фестивали, концерти и летни настани

Откријте ги најинтересните настани во Македонија оваа недела – фестивали, концерти, културни случувања и идеи за викенд патување низ земјата.

Кајак.мк ве води во село Слепче

Слепче е дестинација која сè почесто ја избираат љубителите на мирниот одмор.

Кајак.мк ве води во село Пклиште

Токму овде, на Кајак.мк отсега можете да резервирате сместување во планински комплекс кој располага со капацитет за до 27 гости.

Добар Бар: Нов живот за еден стар градски киоск во Скопје

Добар Бар во Скопје покажува како стар градски киоск може да добие нов живот. Откријте ја приказната зад ова урбано катче со ретро карактер.