18.08.2021

Флексибилен престој во Неа Флогита

Флексибилен престој во Неа Флогита

Со отварањето на границите, започна да се проширува и базата на Кајак.мк со приватни флексибилни сместувања во Грција и Црна Гора.

Од денеска како дел од нашата база се „Infinity Apartment“ кои се наоѓаат во Неа Флогита на 50 метри од морето.


Во околината на апартманот се наоѓаат најпознатите плажи во Флогита како за млади со забави, коктели и вкусна храна (Pastazi) така и за фамилии со мали деца (Razmataz) каде водата е плитка на првите 7-10 метри  и децата безгрижно би можеле да играт. Позади уличката каде што се наоѓа апартманот има супермаркети  и месара која приготвува печено месо (пилешко, секаков вид на скара и сл.). А навечер тука се и рестораните со вкусна морска храна.


Апартманот е совршен за две фамилии секоја со 1-2 мали деца, каде комотно би уживале во секое катче, кое е дизајнирано со многу љубов и колорит кој е инспириран од морето и летото. Флогита е мирно  место каде би можеле да поминате прекрасни моменти со вашите најблиски, како со возење на велосипед на улиците покрај морето,  на убавите песочни плажи во текот на денот, така и во луна парковите за деца и ресторанчиња со вкусна морска храна.


Сместувањето се наоѓа во една избалансирана средина (улица) која не е веднаш во првиот ред каде навечер има најголема фреквентност, ниту пак во најмирните улици на крајот, туку токму на вториот ред каде се е блиску а сепак далеку од врева за мирен сон во текот на ноќта.

Флогита се наоѓа на почетокот на првиот крак и препорачливи блиски места се градчето Афитос кое топло го препорачуваме и се издвојува со својата уникатна и автентична архитектура, како и Калитеа за младите.

Доколку сакате повеќе инфо за сместувањето, контакт за резервации и цена, кликнете ОВДЕ.

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Ја заменив Норвешка со село Шлегово: Творењето ја води Маргарета низ животниот лавиринт

По осум години во Норвешка, Маргарета се вратила во село Шлегово, во потрага по поспокоен живот и повеќе време за творење. Инспирирана од природата и скандинавската естетика, денес создава уникатни ракотворби од рециклирани и други материјали.

Создавам работи кои не можат да се купат во продавница!

Од камчиња до 25.000 парчиња: Александар Радически од Гостивар создава уникатна уметност и им дава нов живот на заборавените предмети.

Домашна храна покрај патот: идеја за нови туристички застанувања во Македонија

Британските штандови со домашни колачи инспирираат прашање: дали и во Македонија локалната храна може да стане причина за ново туристичко застанување?

Тим билдинг во Словачка, плус бонус трака до Виена!

Тим билдинг во Словачка со Кајак.мк, плус бонус трака до Виена!

Паметно патување во дигиталната ера: од избор на сместување до безбедно онлајн плаќање

Како правилно да ја користиме технологијата при патување? Совети за избор на сместување, проверка на информации, комуникација со домаќини и безбедно онлајн плаќање.