15.10.2020
Луксузни апартмани „Саат Кула“ во Битола
Луксузни апартмани „Саат Кула“ во Битола
Со доаѓањето на зимата, Кајак.мк се повеќе ве влече во градовите каде има што да се прави. Патуваме во Битола. Градот на конзулите, кафе шемата и градот во кој живеат луѓе со стил. Телефон за резервации: 070 373 707
Во Битола исто така се наоѓаат и апартманите „Саат Кула“ кои се во самиот центар на градот, непосредно до истоимениот објект.
„Саат Кула“ апартманите располагаат со два апартмани. Едниот апартман е за две лица, во кој има една сплана соба и купатило со туш кабина и поглед кон градот.
Вториот апартман е за три лица со можност за помошен кревет за четврто лице. Апартманот има исто така купатило со туш кабина и балкон. 
Апартманите располагаат со 24/7 топла вода, интернет и приватен бесплатен паркинг за гостите.
Постои можност за доручек во ресторан кој се наоѓа на 20 метри од сместувањето. 
Телефон за резервации: 070 373 707
Што би правиле во Битола?
Посетете ја Хераклеа Линкестис
Хераклеја Линкестис — градска населба од старомакедонско време до средниот век. Основана е кон средината на IV век пред н.е. од страна на кралот Филип II Македонски, како важен стратегиски пункт. Остатоците од материјалната култура од старомакедонската фаза на животот археолошки не се доволно истражени.
Посетете го националниот парк „Пелистер“
Националниот Парк „Пелистер“ изобилува со разни видови релјефни облици кои се формирани низ долготрајни и мошне сложени природни процеси. Растителниот свет на Пелистер е мошне разнообразен, па оттаму и неговото специфично ботаничко значење. Тука растат 88 дрвни видови. Од шумските дрвни видови најголема вредност има моликата - автохтон вид на петтоигличест бор со терцијарна старост којшто расте само на неколку планини на Балканскиот Полуостров. Висинската амплитуда на распространувањето на моликата на Пелистер е од 600 до над 2.200 метри.![]()
Саат Кула
Саат Кула е приказната за 60.000 те илјади јајца кои турската власт ги собрала од населението за да бидат искористени за нејзината изградба, за да биде поцврста и поотпорна.Звукот на ѕвоната, музиката, се разлева низ просторот, низ малиот парк исполнет со убавина. Замислете се будите со неговите звуци престојувајќи во апартманот?
Информации и резервации на: 070 373 707
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Ја заменив Норвешка со село Шлегово: Творењето ја води Маргарета низ животниот лавиринт
По осум години во Норвешка, Маргарета се вратила во село Шлегово, во потрага по поспокоен живот и повеќе време за творење. Инспирирана од природата и скандинавската естетика, денес создава уникатни ракотворби од рециклирани и други материјали.
Создавам работи кои не можат да се купат во продавница!
Од камчиња до 25.000 парчиња: Александар Радически од Гостивар создава уникатна уметност и им дава нов живот на заборавените предмети.
Домашна храна покрај патот: идеја за нови туристички застанувања во Македонија
Британските штандови со домашни колачи инспирираат прашање: дали и во Македонија локалната храна може да стане причина за ново туристичко застанување?
Тим билдинг во Словачка, плус бонус трака до Виена!
Тим билдинг во Словачка со Кајак.мк, плус бонус трака до Виена!
Паметно патување во дигиталната ера: од избор на сместување до безбедно онлајн плаќање
Како правилно да ја користиме технологијата при патување? Совети за избор на сместување, проверка на информации, комуникација со домаќини и безбедно онлајн плаќање.