27.12.2020
Го напуштив Скопје за да отворам моја фарма во Преспа
Го напуштив Скопје за да отворам моја фарма во Преспа
Последните денови од 2020-та година ги заокружуваме со четивата кои најмногу се пребаруваа на Кајак.мк
Текст објавен во месец септември:
Еко туристичкиот сервер Кајак.мк денеска ве запознава со Ана, жена информатичар, со завршен IT факултет, а која се решава животот да го посвети во развојот на агротуризмот и производството на нешто што и доколува на нашата земја- овошни насади.
Ана својата приказна за првпат ја раскажува на Кајак.мк, а благодарение на нејзината инспиративна приказна, нашиот тим смета дека идејата за развој на агротуризмот во државата ќе допре и до многу други млади лица кои се уште се бараат себе си и својата професија. 
Ана живееше во Скопје цели 17 години се до моментот кога се решава да се врати во Преспа и да го реализира својот сон наречен „Spirit of Prespa“.
Љубовта кон Преспа и желбата да се промовира регионот, придонеле за создавањето на брендот „Spirit of Prespa“. Постои во семејството повеќе од 60 години, а тие се петта генерација сопственици.
Бавчата во која има засадено овошни насади е 5 хектари, каде гостите имаат можност да се запознаат со одгледување на јаболка, црешите и сливите и да купат производи од нивната домашна продавница, која е снабдена со продукти од неколку семејства од Преспа.
„Во 2017 сфатиле дека на фармата и е потребна диверзификација за да може да биде оддржлива. Направиле истражување и следејќи ги трендовите во Америка и Европа, се одлучија да се ориентираат кон агро-туризам.
Започнале да прават настани од типот pick-your-own-fruit во 2018. Во текот на Октомври посетителите ќе може да учествуваат на Јаболкоберот при што ќе добијат брендирани тоте торби за јаболка по свој вкус.
Во моментот како што вели Ана немаат телефонски број за контакт, но како што додава, заинтерсираните може да ги контактираат на нивната страница „Spirit of Prespa“.
Нивата продавница е лоцирана во Царев Двор — село во Општина Ресен, во областа Горна Преспа, во околината на градот Ресен.Царев Двор на околу пет километри северно од брегот на Големото Преспанско Езеро, на раскрсницата на патот Битола-Корча и Ресен-Езерани, во јужниот дел на Ресенското Поле. Низ атарот на селото тече Болшница (Болска Река), чиј водотек во летниот период значително се намалува или целосно пресушува.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Тим билдинг во Словачка, плус бонус трака до Виена!
Тим билдинг во Словачка со Кајак.мк, плус бонус трака до Виена!
Паметно патување во дигиталната ера: од избор на сместување до безбедно онлајн плаќање
Како правилно да ја користиме технологијата при патување? Совети за избор на сместување, проверка на информации, комуникација со домаќини и безбедно онлајн плаќање.
Македонски ајвар – традиција, домашна храна и есенски вкусови
Откријте ја приказната за македонскиот ајвар, традиционалното подготвување на зимница, семејните обичаи и автентичните гастрономски искуства во Македонија.
10 евтини градови во Европа за викенд-патување
Кои се најевтините градови во Европа за викенд? Откријте 10 дестинации, нивните знаменитости и како да го испланирате буџетот за патување.
Што да правите овој викенд во Скопје? | Кајак.мк
Барате идеја за викенд во Скопје? Откријте јајaње, прошетки со магариња, возење со пајтон и забавни активности во природа со Кајак.мк.
Скопје со 50 директни дестинации: Македонците патуваат 29% повеќе
Скопје беше поврзано со 50 директни дестинации во летната сезона 2026, додека бројот на патници од Скопје и Охрид порасна за 29%.