12.12.2020
Одведете ги вашите деца во селото Кожле!
Одведете ги вашите деца во селото Кожле!
Тимот на Кајак.мк од денеска започнува со уште една рубрика, а тоа се совети за патувања со деца. Воедно ви сакале да ја запознаете Марија Стојановска чии совети од денеска па натаму ќе бидат дел од нашиот агрегат. Нејзина препорака за еднодневна тура за викенд е „Кожле“.
За тие коишто не знаат селото Кожле се наоѓа на 45км од Скопје и до него се стигнува по автопат Скопје- Велес, но доколку патувате од Скопје можете да поминете преку населбата Петровец, каде пред Катланово се исклучувате десно кон Блаце.
Во близина на Кожле има 2 моста, едниот на Пчиња (Стојанов мост) до кој може да се дојде и преку автопатот Скопје-Велес и другиот, мостот на Вардар до кој се оди пеш.
За мостот на Вардар ни требаше малку повеќе време (околу 3.5км), па одлучивме да одиме до мостот на Пчиња. Патеката започнува од село Кожле, а завршува кај црквата Св.Богородица, кај Стојанов мост. Патеката во правец е долга околу 3 километри и е до тој степен тесна што можете да се движите исклучиво во колона.
Зошто треба да ја посетите со вашите деца?
Целата патека поминува низ борова шума и нема големи искачувања, затоа би сакала да кажам дека е лесна, убаво израмнета и нема камења. Тоа е идеално за прошетка на вашите деца. Воздух, природа и физичка активност. 
На околу 2 километри од Кожле, патеката се дели на два дела, едниот дел води кон Св.Богородица и другиот, кон село Карабуниште. На патеката кон Карабуниште се наоѓа вториот мост кој е на реката Вардар. Природата и погледите се неверојатни, вистинско уживање.
Е сега вака, мама се однесуваше исто како Мистер Бин на базен, кога пробува да скокне од скокалница. За некој како мене, со страв од височина ова беше адреналинска тура (од почеток до крај).
На неколку места по патеката има удолници, но доколку немате таков страв, без проблем и со целосно уживање ќе стигнете до мостот и со децата. Она што го забележав е дека имаше и деца на 4, 5 годишна возраст кои самите движеа по најстрмните делови. Кај Стојанов мост, во дворот на црквата Св.Богородица има клупи за одмор. Самиот мост е приказна за себе, адреналин и убавина во едно. Децата беа воодушевени од оваа прошетка и се во исчекување на другата (мостот на Вардар) која мислам дека ќе почека некое време.
Наскоро нов совет за вас и вашите деца. Најважно е да бидат што е можно повеќе активни.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Македонија повторно изненадува: Антички мозаик откриен на локација за која малкумина знаат
Мозаикот во Пеленица кај Драчево открива нов дел од античката историја на Скопје. Откријте што пронајдоа археолозите.
November Run: 3.000 учесници минатата година, ново издание на 14 и 15 ноември
November Run 2026 ќе се одржи на 14 и 15 ноември во Гевгелија. Минатата година настанот привлече 3.000 учесници, од кои 1.300 на главните трки.
Аеродромот во Неапол е затворен цел ноември: што да проверите
Аеродромот во Неапол е затворен од 1 до 30 ноември за реконструкција на пистата. Дел од летовите се префрлени во Салерно.
Стоби: нови откритија во римскиот театар
По 17-та сезона истражувања во Стоби, археолозите документираа две градежни фази, заѕидан премин и предмети од доцната антика.
Пештера Врело на Матка: рекордни 338 метри | Кајак.мк
Експедицијата „Врело 2026“ ја истражи пештерата Врело на Матка до 338 метри. Дознајте што значи рекордот и како се посетува пештерата.
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!