08.07.2022
Прекрасна вила со базен и отворено џакузи во Дојран
Прекрасна вила со базен и отворено џакузи во Дојран
Патувачите кои постојано го чувствуваат хедоизмот во себе знаат што значи да се ужива во тишината на едно зелено дворче опколено со многу цвекиња и разни растенија. Нашите патувачи кои наместо да коментираат на социјалните мрежи, работат напорно се со цел да си овозможат едно поинакво искуство кое го нудат домаќините на Кајак, денеска имаат уште една можност за резервирање на вила во Дојран, која нуди апсолутна приватност, приватен базен и џакузи во двор кој никој не би сакал да го напушти.

Тимот на Кајак.мк е среќен што денеска ве запознава со новата домаќинка Вера, која одлучи да ги отвори вратите за светот на Кајак.мк и да им понуди на гостите едно поинакво искуство и начин на уживање.

Оваа вила има свој приватен заграден простор кој гарантира компетна интимност, а кон дворот на вилата нема поглед од ниедна соседен објект.

Во дворот имате на располагање џакузи за одлична хидро масажа, а покрај џакузито има и базен кој е достапен за гостите.

Дојран е фантастична гастрономска дестинација, а такво гастро искуство гостите со претходно барање може да добијат и од домаќинката Вера која е позната по својот црн леб, нутри специјалитетите и ред други здрави закуски кои со сигурност не сте ги пробале на ниту едно друго место.

Вилата е идеална
за престој на два пара или едно семејство со деца. Вилата е наменета за гости
кои бараат спокој, мир, тишина и уживање. Таа располага со две спални соби,
просторен дневен престој со кујна и целосно опремено купатило.
Доколку сакате
повеќе информации, фотографии и контакт за резервација, кликнете ОВДЕ.
Коментари
-
Aziz riza
27.07.2025 01:27
Sakam da prasam dali vilata e slobodna ot 01 .08 do 03 .08 i cena ako moze za 10 luge deca imame 6 vozrasni 4 .tel 071 417 004
-
Eugen Муча
12.07.2022 14:36
Kolku e cenata za edna vecer?
-
Gjorgi Andjiev
10.07.2022 00:03
Super odlicno *****
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Паметно патување во дигиталната ера: од избор на сместување до безбедно онлајн плаќање
Како правилно да ја користиме технологијата при патување? Совети за избор на сместување, проверка на информации, комуникација со домаќини и безбедно онлајн плаќање.
Македонски ајвар – традиција, домашна храна и есенски вкусови
Откријте ја приказната за македонскиот ајвар, традиционалното подготвување на зимница, семејните обичаи и автентичните гастрономски искуства во Македонија.
10 евтини градови во Европа за викенд-патување
Кои се најевтините градови во Европа за викенд? Откријте 10 дестинации, нивните знаменитости и како да го испланирате буџетот за патување.
Што да правите овој викенд во Скопје? | Кајак.мк
Барате идеја за викенд во Скопје? Откријте јајaње, прошетки со магариња, возење со пајтон и забавни активности во природа со Кајак.мк.
Скопје со 50 директни дестинации: Македонците патуваат 29% повеќе
Скопје беше поврзано со 50 директни дестинации во летната сезона 2026, додека бројот на патници од Скопје и Охрид порасна за 29%.
Болотана – селото на стогодишниците: Дали Македонија ја има својата „Blue Zone“?
Болотана на Сардинија е позната по големиот број стогодишници. Што стои зад долговечноста и дали Македонија има свое село на долговечни жители?