01.12.2020

Престојувајте во Ресен: Храната и прошетките по Преспанското езеро на прво место!

Престојувајте во Ресен: Храната и прошетките по Преспанското езеро на прво место!

Тимот на Кајак.мк во периодот кој ни престои ќе ве запознае и со помалите градови ширум државата, кои вреди да ги посетите. Ваквите дестинации особено ги препорачуваме на луѓето кои работат во стресна атмосфера, работните денови ги поминуваат во метеж и градски хаос. 

Автор: Darkocv

Ресен е град кои има доста интересна историја и не е за потценување кога станува збор за туристичка дестинација. Во овој град се наоѓа еден од најубавите сараи во Македонија. Ресенски сарај! Ова е е еден од најрепрезентативните примери на објекти градени во неокласичен стил во Македонија. Изграден е во француски ренесансен стил и се смета за еден од поважните примери на архитектурата од почетокот на XX век, во кои се присутни елементи и од другите европски историски стилови во архитектурата. Граден е во периодот од 1905 до 1909 година.


Фото: mariceski
Ние разговаравме со Боби Ќорпановски, млад и амбициозен сопственик на мотелот „Мајска Роса“ во Ресен, кој се наоѓа на мирна локација. Тој вели дека нивниот мотел е избор за секаков профил на гости. Од млади кои сакаат да ги истражат околните планини, до повозрасните кои сакаат да прошетат покрај Преспанското Езеро. 

Боби вели дека целта на нивниот мотел е да ги задоволи потребите на сите гости. Како на оние кои сакаат да уживаат во мотелот или во пространиот двор на мотелот, така и на оние кои целта им е да го истражат градот Ресен, Преспанското езеро и Галичица. 

Наш совет е викенд тура која може да биде сабота и недела со посета на: Градот Ресен, ресенскиот сарај,  Преспанското Езеро и Галичица. 

Повеќе информации од вилата можете да најдете со еден клик ОВДЕ. 

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Македонија повторно изненадува: Антички мозаик откриен на локација за која малкумина знаат

Мозаикот во Пеленица кај Драчево открива нов дел од античката историја на Скопје. Откријте што пронајдоа археолозите.

November Run: 3.000 учесници минатата година, ново издание на 14 и 15 ноември

November Run 2026 ќе се одржи на 14 и 15 ноември во Гевгелија. Минатата година настанот привлече 3.000 учесници, од кои 1.300 на главните трки.

Аеродромот во Неапол е затворен цел ноември: што да проверите

Аеродромот во Неапол е затворен од 1 до 30 ноември за реконструкција на пистата. Дел од летовите се префрлени во Салерно.

Стоби: нови откритија во римскиот театар

По 17-та сезона истражувања во Стоби, археолозите документираа две градежни фази, заѕидан премин и предмети од доцната антика.

Пештера Врело на Матка: рекордни 338 метри | Кајак.мк

Експедицијата „Врело 2026“ ја истражи пештерата Врело на Матка до 338 метри. Дознајте што значи рекордот и како се посетува пештерата.

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!