12.04.2022
Компанијата Сопро донираше и засади 1500 дрвца
Компанијата Сопро донираше и засади 1500 дрвца
Последните денови од пролетните акции за пошумување ги заокружуваме со компании чии тимови се способни да пошумат цела планина благодарение на големото срце кое го имаат, така велиме ние.

Уште една компанија чии вработени се доста физички активни и уживаат во секоја минута во природа е „Сопро“. Среќни сме што Сопро од денеска е дел од „Еко семејството на Кајак“, а драго ни е што сите компании имаат една иста цел, а тоа е да ја покријат Македонија со нови шуми.

Она што нè радува е фактот дека компаниите како Сопро ги комбинираат сите придобивки од еднодневните еко патувања низ Македонија и им овозможуваат на своите вработени да бидат физички активни и да ги наполнат батериите. Ваквите патувања кои ги организираме ние резултираат со уживање и дружење во природа и јакнење на тимскиот дух помеѓу вработените, а сето ова е лек против стресот кој ни го предизвикува динамичното темпо на живеење.

Компанијата „Сопро“ докажа дека има физички способни вработени кои можат да се вклучат во акција за пошумување, а по акцијата да поминат 40 минути во пешачење.

Оние кои досега не го посетиле излетничкото место „Бел Мост“ сега имаа шанса да ги запознаат убавините на овој предел. Ова излетничко место е идеално преку летниот период бидејќи по течението на „Стара река“ се создаваат речни корита со чиста планинска вода кои локалното население ги користи за разладување од летните горештини.

Последните акции за пошумување ги организираме со вештачко наводнување во случај да не заврне, бидејќи како што велиме во Кајак, нашата цел е да имаме резултат на кој ќе бидат горди сите оние кои се вклучиле во акциите.

Сопро, Ви благодариме на одлуката да се вклучите со ваква еко-акција. Повеќе фотографии од настанот можете да погледнете ОВДЕ.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Македонија повторно изненадува: Антички мозаик откриен на локација за која малкумина знаат
Мозаикот во Пеленица кај Драчево открива нов дел од античката историја на Скопје. Откријте што пронајдоа археолозите.
November Run: 3.000 учесници минатата година, ново издание на 14 и 15 ноември
November Run 2026 ќе се одржи на 14 и 15 ноември во Гевгелија. Минатата година настанот привлече 3.000 учесници, од кои 1.300 на главните трки.
Аеродромот во Неапол е затворен цел ноември: што да проверите
Аеродромот во Неапол е затворен од 1 до 30 ноември за реконструкција на пистата. Дел од летовите се префрлени во Салерно.
Стоби: нови откритија во римскиот театар
По 17-та сезона истражувања во Стоби, археолозите документираа две градежни фази, заѕидан премин и предмети од доцната антика.
Пештера Врело на Матка: рекордни 338 метри | Кајак.мк
Експедицијата „Врело 2026“ ја истражи пештерата Врело на Матка до 338 метри. Дознајте што значи рекордот и како се посетува пештерата.
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!