04.04.2021

Ова планинска вила за појадок ве угостува со шумски мед

Ова планинска вила за појадок ве угостува со шумски мед

Домаќините на вилите кои се дел од базата на Кајак.мк се тие кои му дават дух на сместувањето. Без разлика на тоа колку и да е модерна вилата, ако домаќинот нема свој печат на неа, тогаш тоа за гостите би било само едно обично сместување.


Драго ни е да ве информираме дека нашата база се надополнува со уште една вила која е заробена во борова шума. Вила која дефинитивно нема кој не би посакал да престојува во неа.


Вила Албаница се наоѓа во туристичката населба Албаница во Берово. Предел кој е добар да го посетите 365 дена од годината, а особено пролет и лето поради самата природа.


Она што нам не прави среќни е фактот дека сопствениците на вилата се млади ентузијасти кои вложуваат во развојот на туризмот во регионот.


Тоа што го прави овој крај препознатлив на туристичката мапа е шумскиот мед, па од тие причини, гостите во вилата имаат на располагање домашен мед за појадок.


Домаќините на вилата сметаат дека тоа за нив е мала инвестиција, а за гостите на вилата е од огромно значење.


Вилата е опколена со шума, а погледот од собите е фантастичен. Има огромна површина која е покриена со трева и шума. Во дворот на вилата има кош и лулашка на дрво, а најважно од се е што има чист воздух со огромно количество на кислород.


Вилата зрачи со уникатна архитектура, а внатрешноста е доста комотна. Ако не прашате нас, ние би останале на ова тераса со нашиот лаптоп и со денови.

Доколку сакате да погледнете повеќе фотографии, прочитате повеќе информации и контакт за резервирање, кликнете ОВДЕ.



Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Паметно патување во дигиталната ера: од избор на сместување до безбедно онлајн плаќање

Како правилно да ја користиме технологијата при патување? Совети за избор на сместување, проверка на информации, комуникација со домаќини и безбедно онлајн плаќање.

Македонски ајвар – традиција, домашна храна и есенски вкусови

Откријте ја приказната за македонскиот ајвар, традиционалното подготвување на зимница, семејните обичаи и автентичните гастрономски искуства во Македонија.

10 евтини градови во Европа за викенд-патување

Кои се најевтините градови во Европа за викенд? Откријте 10 дестинации, нивните знаменитости и како да го испланирате буџетот за патување.

Што да правите овој викенд во Скопје? | Кајак.мк

Барате идеја за викенд во Скопје? Откријте јајaње, прошетки со магариња, возење со пајтон и забавни активности во природа со Кајак.мк.

Скопје со 50 директни дестинации: Македонците патуваат 29% повеќе

Скопје беше поврзано со 50 директни дестинации во летната сезона 2026, додека бројот на патници од Скопје и Охрид порасна за 29%.

Болотана – селото на стогодишниците: Дали Македонија ја има својата „Blue Zone“?

Болотана на Сардинија е позната по големиот број стогодишници. Што стои зад долговечноста и дали Македонија има свое село на долговечни жители?