18.03.2020

Русија ги затвори границите поради коронавирусот. Што конкретно значи тоа?

Русија ги затвори границите поради коронавирусот. Што конкретно значи тоа?

Ограничувањето е воведено на месец и половина. Погледнете за кого нема да важи тоа, т.е. кој сепак ќе може да влезе во земјата.

Што се случи?

Владата на Руската Федерација донесе одлука поради ширењето на коронавирусот да го ограничи влезот на странци и лица без државјанство на територијата на земјата. Ограничувањето стапува во сила на 18 март и трае до 1 мај. Ова соопштение  е објавено на сајтот на Владата на Русија.

На кои земји се однесува ограничувањето?

Ограничувањето се однесува на сите земји, вклучувајќи ги и земјите на Европската унија и Заедницата на независни држави.

Јас сум дипломат. Дали тоа значи дека ни јас не можам да отидам во Русија?

За одделни лица ограничувањето не важи. Тоа се:

Дипломати;

Службеници на конзулатите во РФ;

Членови на официјални делегации и лица со службени визи;

Возачи на шлепери со кои се увезува роба во Русија;

Екипажи на летала и пловила (морски и речни), на меѓународни возови и локомотиви.

А како стојат работите со приватните лица?


Граничен премин Гоптовка близу Харков, украинско-руска граница, 16 март 2020.

AFP

Приватно лице може да влезе во земјата само ако има веќе одобрен престој во Русија. Забраната исто така не се однесува на патниците на авионите кои на враќањето дома преседуваат во Русија.

Покрај тоа, Владата дозволи влез во земјата за лица кои доаѓаат во Русија на погреб на членови на семејството.

Во сите останати случаи преминот на границата ќе се третира како нелегален и ќе подразбира парична казна во висина од 200000 рубли (2668 долари) или принудна работа и казна затвор до две години.

Ако јас имам престој и пристигнав во Русија, дали тоа значи дека сум слободен?

Воопшто не значи. Ако сте допатувале во Москва од една од земјите од списокот подолу, тогаш и вие, и луѓето кои живеат со вас, морате да поминете 14 дена во самоизолација, т.е. не можете да одите на работа, на предавања и воопшто на јавни места. Еве го списокот на тие земји:

Албанија

Андора

Белорусија

Босна и Херцеговина

Ватикан

Велика Британија и Северна Ирска

Германија

Иран

Исланд

Шпанија

Италија

Кина

Кореја

Лихтенштајн

Македонија

Молдавија

Монако

Норвешка

САД

Сан Марино

Србија

Украина

Франција

Хрватска

Црна Гора

Швајцариј

Покрај тоа, „Роспотребнадзор“ објави одлука согласно која од 16 март сите руски региони со исклучок на Москва ќе ги тестираат за коронавирус граѓаните кои пред две недели допатувале од земјите на Европската унија.

Ќе бидат тестирани и сите лица со симптоми на вирусна респираторна инфекција кои во текот на изминатите месец дена допатувале од странство.
Извор: https://mk.rbth.com/lifestyle/85327-rusija-gi-zatvori-granicite-za-stranci?utm_source=rss&utm_medium=rss&utm_campaign=RSS

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Паметно патување во дигиталната ера: од избор на сместување до безбедно онлајн плаќање

Како правилно да ја користиме технологијата при патување? Совети за избор на сместување, проверка на информации, комуникација со домаќини и безбедно онлајн плаќање.

Македонски ајвар – традиција, домашна храна и есенски вкусови

Откријте ја приказната за македонскиот ајвар, традиционалното подготвување на зимница, семејните обичаи и автентичните гастрономски искуства во Македонија.

10 евтини градови во Европа за викенд-патување

Кои се најевтините градови во Европа за викенд? Откријте 10 дестинации, нивните знаменитости и како да го испланирате буџетот за патување.

Што да правите овој викенд во Скопје? | Кајак.мк

Барате идеја за викенд во Скопје? Откријте јајaње, прошетки со магариња, возење со пајтон и забавни активности во природа со Кајак.мк.

Скопје со 50 директни дестинации: Македонците патуваат 29% повеќе

Скопје беше поврзано со 50 директни дестинации во летната сезона 2026, додека бројот на патници од Скопје и Охрид порасна за 29%.

Болотана – селото на стогодишниците: Дали Македонија ја има својата „Blue Zone“?

Болотана на Сардинија е позната по големиот број стогодишници. Што стои зад долговечноста и дали Македонија има свое село на долговечни жители?