27.05.2022
Дали сте го посетиле Петачко Водиче?
Дали сте го посетиле Петачко Водиче?
Уште една
гастрономска дестинација од денеска е дел од светот на Кајак.мк. Овојпат
станува збор за ресторанот „Викендица“ кој се наоѓа во тетовската месност Петачко
Водиче во селото Беловиште.
Се наоѓа на 800 метри надморска височина, а до дестинацијата можете да стигнете со мотор, кола, комбе, а со автобус до центарот на селото.

Домаќините на ресторанот велат дека се се уште нов ресторан во областа и работат од 2019-та година. Успеваат да ја пребродат пандемијата, да застанат на нозе и да продолжат кон исполнување на нивниот сон, а тоа е да служат вкусна и свежа храна.

Приказната за „Викендица“
се развива доста интересно. Моника која ни ја отвори вратата за светот на
Кајак.мк вели дека на почетокот на ова локација имале само сопствена викендица,
но многубројните туристи кои доаѓале овде и барале каде да седнат да јадат, ги
поттикнале да отворат сопствен угостителски објект.
Денеска, ресторанот е позициониран помеѓу две реки, а температурата е секогаш за 10 степени пониска од Тетово и Скопје, што ви гарантира задоволство во текот на летните горештини.

Оние кои ќе се
одлучат да го посетат ресторанот, совет од тимот на Кајак.мк е да нарачат:
Ребро во фурна, пафра со кајмак,
домашно жуле, разновидни салати и домашна ракија од дуња.
Доколку сакате
повеќе фотографии и контакт за резервација, кликнете ОВДЕ.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Македонија повторно изненадува: Антички мозаик откриен на локација за која малкумина знаат
Мозаикот во Пеленица кај Драчево открива нов дел од античката историја на Скопје. Откријте што пронајдоа археолозите.
November Run: 3.000 учесници минатата година, ново издание на 14 и 15 ноември
November Run 2026 ќе се одржи на 14 и 15 ноември во Гевгелија. Минатата година настанот привлече 3.000 учесници, од кои 1.300 на главните трки.
Аеродромот во Неапол е затворен цел ноември: што да проверите
Аеродромот во Неапол е затворен од 1 до 30 ноември за реконструкција на пистата. Дел од летовите се префрлени во Салерно.
Стоби: нови откритија во римскиот театар
По 17-та сезона истражувања во Стоби, археолозите документираа две градежни фази, заѕидан премин и предмети од доцната антика.
Пештера Врело на Матка: рекордни 338 метри | Кајак.мк
Експедицијата „Врело 2026“ ја истражи пештерата Врело на Матка до 338 метри. Дознајте што значи рекордот и како се посетува пештерата.
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!