24.12.2020
Организираме зимско сафари со амфибија од Крушево до Стара Мусница!
Организираме зимско сафари со амфибија од Крушево до Стара Мусница!
На десетина километри од Крушево преку Крушевската корија до Манастирот на Тоше Проески Св. Преображени возејќи по преубав предел низ шума се искачувате на Врвот на Бушава планина, Стара Мусица на 1800мнв. Но овојпат искачувањето ќе биде доста по адреналинско.
Ако се прашувате каде и што би можеле да правите во зимските денови, тогаш, тимот на Кајак.мк ве запознава со „Зимското Сафари“ кое е проект на Panorama All Seasons Adventures во Крушево. 
Наместо пеш, овој пат искачувањето на врвот е со амфибија која е нова понуда на домашната туристичка мапа. Додека се искачувате кон врвот попатно може да забележете прекрасни пејзажи од сите страни: Солунска глава од една страна, Баба Планина од другата страна и магично зајдисонце. Доколку имате среќа може да ве пресретнат и диви коњи кои знаат безгрижно да галопираат по сртот.
Овој проект е наречен „зимско сафари“ поради тоа што нуди можност за слободно скијање, пешачење и други активности на врвот на Бушава Планина. 
Туртата се организира со брендирана амфибија со која може да се посетат и недостапните места на Стара Мусица и околината. Тимот кој ја реализира турата се добри познавачи на теренот, сертифицирани спасувачи и водичи подготвени да ја спроведат турата.
За пролетта е се уште да се зборува, но од Panorama велат дека во подготовка е зип-лајн, планински Го-Карт, велоспедски патеки кои ќе бидат под водство на Швајцарски експерт кои веќе 20-тина години се грижи за познатите Сант Мориц, Давос, Лензерхајде во Швајцариј и Солден во Австрија. 
Заинтересираните туристи кои сакаат да се пријават или ја резервират ова атракција ќе може да се јават на: 070 70 70 72.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Македонија повторно изненадува: Антички мозаик откриен на локација за која малкумина знаат
Мозаикот во Пеленица кај Драчево открива нов дел од античката историја на Скопје. Откријте што пронајдоа археолозите.
November Run: 3.000 учесници минатата година, ново издание на 14 и 15 ноември
November Run 2026 ќе се одржи на 14 и 15 ноември во Гевгелија. Минатата година настанот привлече 3.000 учесници, од кои 1.300 на главните трки.
Аеродромот во Неапол е затворен цел ноември: што да проверите
Аеродромот во Неапол е затворен од 1 до 30 ноември за реконструкција на пистата. Дел од летовите се префрлени во Салерно.
Стоби: нови откритија во римскиот театар
По 17-та сезона истражувања во Стоби, археолозите документираа две градежни фази, заѕидан премин и предмети од доцната антика.
Пештера Врело на Матка: рекордни 338 метри | Кајак.мк
Експедицијата „Врело 2026“ ја истражи пештерата Врело на Матка до 338 метри. Дознајте што значи рекордот и како се посетува пештерата.
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!