23.11.2020

Уникатна вила на Пониква: Инвестираме во неа за да може да ја изнајмуваме

Уникатна вила на Пониква: Инвестираме во неа за да може да ја изнајмуваме

Еко тимот на Кајак.мк денеска разговараше со Љубица, која е сопственичка на половина од делот од ова преубава шумска куќарка на Пониква. Љубица вели дека е огромна предност да се престојува на Пониква. Место кое изобилува со прекрасна природа, многу места за прошетка, пешачки и велосипедски патеки, а не многу далеку од градот. За неа предноста е тоа што до Пониква се стига по асфалтиран пат, кој додека движите по него ви нуди различни доживувања во различки годишни времиња. 

Пониква има доста убави сместувачки капацитети. Се поголемата потреба од чист воздух и прошетките во природата ги натераа многу луѓе да инвестираат во сопствени вили на ова планина. 

Фотографијата е преземена од инста профилот на @evgenij.houp

Ноември за Љубица е прекрасен. Пониква е во шарени бои и со многу сончеви денови. Она што таа ни го препорачува е долга прошетка во густата шума каде има куп жолти лисја. 

Таа вели дека внатрешното уредување на планина секој сака да му биде и да асоцира на дрво, камин, камен, па така и тие се љубители на истото. Нивните планови за во иднина се да ја изнајмуваат едната половина од куќата, но велат дека треба да трпи дооуредување како на внатрешноста, така и на дворот. Пониква треба да се посети во текот на целата година. Есента има своја убавина, а зимата е одлична со снег и чист воздух. Пролета е доста миризлива, а летото е идеална да се избегне горештината.

Вилата во зима, фотографијата е преземена од инста профилот на @markodzambazovski

Како што вели таа, куќарката ја делат со свои блиски пријатели со кои се во одличен однос.

На Кајак во моментото можете да најдете доста вили кои се изнајмуваат. Доколку сакате да ја погледнете базата од Пониква, кликнете ОВДЕ.


Остави Коментар

Коментари

  • Goce Delcev NezavisenvSindikat na policija

    22.04.2023 15:47

    Ja razgledav vilata NEMATE TELEFONSKI BROJ A BI SAKAL I DA SE SLUSNEME 078/270- 134 Goce Za 24/25.06.2023 imam VEKE ZAKUPENO 20 DVAESET MOTELI VILI I APARTMANI za 320 legla Sakam uste 30 setina legla da zakupam AKO NE E PROBLEM ZVONETE BI SE DOGOVORILE DOKOLKU GO IZDAVATE OBJEKTOT

Прочитајте повеќе

Домашна храна покрај патот: идеја за нови туристички застанувања во Македонија

Британските штандови со домашни колачи инспирираат прашање: дали и во Македонија локалната храна може да стане причина за ново туристичко застанување?

Тим билдинг во Словачка, плус бонус трака до Виена!

Тим билдинг во Словачка со Кајак.мк, плус бонус трака до Виена!

Паметно патување во дигиталната ера: од избор на сместување до безбедно онлајн плаќање

Како правилно да ја користиме технологијата при патување? Совети за избор на сместување, проверка на информации, комуникација со домаќини и безбедно онлајн плаќање.

Македонски ајвар – традиција, домашна храна и есенски вкусови

Откријте ја приказната за македонскиот ајвар, традиционалното подготвување на зимница, семејните обичаи и автентичните гастрономски искуства во Македонија.

10 евтини градови во Европа за викенд-патување

Кои се најевтините градови во Европа за викенд? Откријте 10 дестинации, нивните знаменитости и како да го испланирате буџетот за патување.

Што да правите овој викенд во Скопје? | Кајак.мк

Барате идеја за викенд во Скопје? Откријте јајaње, прошетки со магариња, возење со пајтон и забавни активности во природа со Кајак.мк.