23.06.2022
Таинствен бунгалов на Пелистер достапен за резервации
Таинствен бунгалов на Пелистер достапен за резервации
Базата на Кајак ни крцка со уште едно уникатно сместување, со несекојдневна архитектура и со модерен ентериер! Овој објект ќе ги задоволи сите ваши барања за престој на планина.

Домаќинот Бојан кој ни ги отвори вратите од својот објект вели дека објектот е нов изграден, модерен и се наоѓа на самиот влез на Националниот парк Пелистер. Ги има сите потребни елементи за краток или подолг престој. На гостите им е на располагање и каминот, како и мобилната скара на плин за приготвување на јадење. Амбиентот го дополнуваат и двата грамофони и големиот избор на плочи.

Причината поради која Ве советуваме да побегнете на Пелистер е пред се чистиот планински воздух. Сместувањето пак е далек од градската бука, опколено со лесни и безбедни патеки за планинарење кое ќе ве ослободи од стресот.

Домаќините велат дека на гостите им се нуди можност за организирање на планинарски тури во зависност од временските услови и физичката подготвеност.

Објектот има своја Wi-Fi конекција, што ви дава до знаење дека имате можност да ја преселите вашата он-лајн канцеларија на планина. Звучи свежо, зарем не?

Објектот има
капацитет за 6 лица, а како јаготка на шлагот е фактот дека истиот дозволува влез
на домашни миленици.
Сигурно сте љубопитни
за повеќе информации? Доколку сакате да погледнете повеќе фотки и да стапите во
контакт со домаќините, кликнете ОВДЕ.
Коментари
-
Dejan
25.06.2022 20:52
Почитувани,ме интересира објектов за изнајмување па би сакал некои детали во врска со неа.Се работи за снимање со камера. Мојот број е 070276394 Дејан
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Македонија повторно изненадува: Антички мозаик откриен на локација за која малкумина знаат
Мозаикот во Пеленица кај Драчево открива нов дел од античката историја на Скопје. Откријте што пронајдоа археолозите.
November Run: 3.000 учесници минатата година, ново издание на 14 и 15 ноември
November Run 2026 ќе се одржи на 14 и 15 ноември во Гевгелија. Минатата година настанот привлече 3.000 учесници, од кои 1.300 на главните трки.
Аеродромот во Неапол е затворен цел ноември: што да проверите
Аеродромот во Неапол е затворен од 1 до 30 ноември за реконструкција на пистата. Дел од летовите се префрлени во Салерно.
Стоби: нови откритија во римскиот театар
По 17-та сезона истражувања во Стоби, археолозите документираа две градежни фази, заѕидан премин и предмети од доцната антика.
Пештера Врело на Матка: рекордни 338 метри | Кајак.мк
Експедицијата „Врело 2026“ ја истражи пештерата Врело на Матка до 338 метри. Дознајте што значи рекордот и како се посетува пештерата.
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!