19.05.2021
Резервирајте ноќење на традиционалното бродче на Ѓоко: Идеално за парови
Резервирајте ноќење на традиционалното бродче на Ѓоко: Идеално за парови
Дали некогаш сте посакале да ја одведете вашата сакана или сакан на скромно традиционално бродче кое локалците го користат за живејачка? За оние туристи кои бараат авантури и експериментирање, тимот на Кајак.мк ве информира дека од денеска како дел од базата на приватни сместувања е дрвеното бродче на Ѓоко, домаќинот кој својата приказна ја испишува во родната Струга.

Ѓоко вели дека на неговите крстарења се случиле многу запросувања, а младите кои биле негови гости се враќале повторно да го посетат.
Од денеска, покрај редовните тури кои ги организира тој, секој заинтересиран ќе може да го изнајми бродчето за едно ноќевање. Ѓоко вели дека во договор со гостите бродчето ќе биде вкопано на дестинацијата која тие ја посакуваат и која би била недалеку од брегот на езерото. Исто така, доста важни се и временските услови и брановите, информации и совети кои претходно се договораат со домаќинот.

Бродчето на Ѓоко е класично мало бродче кое е идеално за парови. Внатрешноста на бродчето е рустикална, па оттука ќе ви потенцираме дека ова сместување не би било идеално за луѓето кои не би сакале да експериментираат.
За оние пак кои се авантуристи во душа и кои не избираат место за ноќевање, ова бродче ќе им понуди многу нови доживувања. Почнувајќи од изолираноста во текот на ноќта, каде ќе може да уживаат во ѕвезденото небо, па се до утринското изгрејсонце кое ќе може да го дочекат во апсолутна тишина и мир, слушајќи ги брановите на езерото.

За туристите кои ќе сакаат да го изнајмат бродчето за ноќевање, постојат одредени услови кои ги наметнува домаќинот, а за кои ќе се консултирате со него.
Доколку сакате повеќе информации во врска со ова сместување, фотографии и цени, кликнете ОВДЕ
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Македонија повторно изненадува: Антички мозаик откриен на локација за која малкумина знаат
Мозаикот во Пеленица кај Драчево открива нов дел од античката историја на Скопје. Откријте што пронајдоа археолозите.
November Run: 3.000 учесници минатата година, ново издание на 14 и 15 ноември
November Run 2026 ќе се одржи на 14 и 15 ноември во Гевгелија. Минатата година настанот привлече 3.000 учесници, од кои 1.300 на главните трки.
Аеродромот во Неапол е затворен цел ноември: што да проверите
Аеродромот во Неапол е затворен од 1 до 30 ноември за реконструкција на пистата. Дел од летовите се префрлени во Салерно.
Стоби: нови откритија во римскиот театар
По 17-та сезона истражувања во Стоби, археолозите документираа две градежни фази, заѕидан премин и предмети од доцната антика.
Пештера Врело на Матка: рекордни 338 метри | Кајак.мк
Експедицијата „Врело 2026“ ја истражи пештерата Врело на Матка до 338 метри. Дознајте што значи рекордот и како се посетува пештерата.
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!