08.03.2024

Блага е жена-грнчарка која го наследила занаетот од својот дедо

Блага е жена-грнчарка која го наследила занаетот од својот дедо

8-ми Март е ден кога треба да се потсетиме на макотрпната борба на Клара Цеткин и Роза Луксембург, кои се бореле за еднаквост на жените работнички. Тимот на Кајак.мк е свесен дека со првата реченица покренува многубројни дебати за тоа дали жената како работник ги ужива истите права како мажот, но ние во тимот на Кајак.мк можеме да го изјавиме следното: „Платформата на Кајак.мк е создадена од два стоба со иста цврстина. Едниот столб е столобот на жените, а другиот е оној на мажите. Двата столба имаат иста улога во одржувањето на платформата на Кајак.мк во живот. Доколку едниот столб попушти или се сруши, ќе се сруши и платформата на Кајак.мк, бидејќи еден без друг како такви не може да функционираат.


На Кајак.мк ќе најдете многубројни четива поврзани со промоција на мажите и жените занаетчии, кои за нас важат за локални херои кои прават мали нешта од огромно значење за развојот на туризмот.

Денешниот ден, 8-ми Март, ќе го посветиме на една нова локална хероина која живее во Неготино. Нејзината животна приказна е поврзана со грнчарството, а нејзиниот занает и овозможува да таа биде наша нова локална хероина која прави мали нешта од огромно значење за развојот на туризмот.


Тимот на Кајка.мк сака да ве запознае со Блага, која е една од снаите наследнички на грнчарскиот занает од нејзиниот дедо и прадедо, за кој занает таа вели дека се негува повеќе од 200 години во нејзиното семејство.

Блага додава дека ваквата древна традиција на рачна изработка на производи за домаќинството за жал е во изумирање. Ако некогаш грнчарството било неопходно за секојдневното живеење, денеска младите во Македонија не се заинтересирани за негово изучување.


За да се научи грнчарскиот занает потребни се неколку години, а усовршувањето во занаетот трае се додека грнчарот е жив и се додека има пасија кон оваа професија. Овој занает е тесно поврзан со уметноста, бидејќи денешните изработени производи од глина, често знаат да бидат декорирани со разни нацртани елементи.


Десна рака на Блага е нејзиниот сопруг со кого таа ја гради приказната на работилницата „Љубитас” која се наоѓа во градот Неготино.

Во нивната работилница може да се набават разни производи како саксии, вазни, мали и големи тавчиња за готвење, стомни или бардаци и други грнчарски производи.


Кајак.мк како платформа има цел да ги промовира и да им даде поддршка на локалните занаетчии, па од тие причини од денеска, занаетчиската работилница на „Љубитас“ ја додаваме во нашата база на атракции „Каде Овде“ како би можеле да резервирате посета на работилницата на Блага и да се запознаете со грнчарскиот занает и секако да го искусите начинот на изработка на разни производи од глина. Повеќе информации за турата можете да најдете со еден клик ОВДЕ.

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Тим билдинг во Словачка, плус бонус трака до Виена!

Тим билдинг во Словачка со Кајак.мк, плус бонус трака до Виена!

Паметно патување во дигиталната ера: од избор на сместување до безбедно онлајн плаќање

Како правилно да ја користиме технологијата при патување? Совети за избор на сместување, проверка на информации, комуникација со домаќини и безбедно онлајн плаќање.

Македонски ајвар – традиција, домашна храна и есенски вкусови

Откријте ја приказната за македонскиот ајвар, традиционалното подготвување на зимница, семејните обичаи и автентичните гастрономски искуства во Македонија.

10 евтини градови во Европа за викенд-патување

Кои се најевтините градови во Европа за викенд? Откријте 10 дестинации, нивните знаменитости и како да го испланирате буџетот за патување.

Што да правите овој викенд во Скопје? | Кајак.мк

Барате идеја за викенд во Скопје? Откријте јајaње, прошетки со магариња, возење со пајтон и забавни активности во природа со Кајак.мк.

Скопје со 50 директни дестинации: Македонците патуваат 29% повеќе

Скопје беше поврзано со 50 директни дестинации во летната сезона 2026, додека бројот на патници од Скопје и Охрид порасна за 29%.