31.03.2022

Започнав како пица мајстор од мои 14 години, а денеска имам ресторан со врвни специјалитети

Започнав како пица мајстор од мои 14 години, а денеска имам ресторан со врвни специјалитети

Како што ни расте базата на приватни сместувања на Кајак, така расте и нашата нова база „Гастрономија“ која е создадена се со цел да Ви понуди уникатни објекти и локации каде ќе може да појадувате, ручате или вечерате со вашите најблиски.


Нашите стремежи ни налагаат до крајот на 2022-ра година да имаме над 100 гастрономски дестинации кои ќе може да ги резервирате во секое време преку нашата платформа. Денеска ќе ве запознаеме со домаќинот Димитар кој успешно менаџира со „Пронто“, ресторан во село Вруток.


Ако досега не сте го посетиле изворот на реката Вардар, еве уште една причина која ќе ве натера да појдете до селото и да уживате во неговата природа и во уредниот извор на Вардар. Она што треба да го знаете е фактот дека Вардар овде не е гнасен како што е низ цела Македонија!


Пронто започал да функционира како пицерија од 2013-та година. Димитар вели дека имал огромно искуство во подготовката на пица, кој занает започнал да го пече од свои 14 години. Со тек на време, Димитар се усовршувал и во други специјалитети, за денеска да може да им понуди на гостите огромен избор на храна.


Тој вели дека „Пронто“ нуди необичен свет на вкусови и врвен квалитет на месо и риба кои се подготвуваат во фурна на дрва и скара на жар. Како специјалитети ги истакнува и вкусните пити, а не ги изоставува ниту пиците за кои е особено горд.


Денеска Пронто го резервираат за разни свечености, а од неодамна имаат и апартмани за сместување кои за скоро ќе бидат дел од базата на Кајак.мк. Пронто е лоциран на тивко место, недалеку од градот Гостивар, во прекрасен амбиент. Ресторанот е фамилијарен бизнис на чело со младиот газда Димитар Димоски.

Информации за контакт можете да најдете со еден клик ОВДЕ.

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Македонија повторно изненадува: Антички мозаик откриен на локација за која малкумина знаат

Мозаикот во Пеленица кај Драчево открива нов дел од античката историја на Скопје. Откријте што пронајдоа археолозите.

November Run: 3.000 учесници минатата година, ново издание на 14 и 15 ноември

November Run 2026 ќе се одржи на 14 и 15 ноември во Гевгелија. Минатата година настанот привлече 3.000 учесници, од кои 1.300 на главните трки.

Аеродромот во Неапол е затворен цел ноември: што да проверите

Аеродромот во Неапол е затворен од 1 до 30 ноември за реконструкција на пистата. Дел од летовите се префрлени во Салерно.

Стоби: нови откритија во римскиот театар

По 17-та сезона истражувања во Стоби, археолозите документираа две градежни фази, заѕидан премин и предмети од доцната антика.

Пештера Врело на Матка: рекордни 338 метри | Кајак.мк

Експедицијата „Врело 2026“ ја истражи пештерата Врело на Матка до 338 метри. Дознајте што значи рекордот и како се посетува пештерата.

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!