13.08.2023

Посетете го село Владимирово и ресторанот Текила која е приказна сама по себе

Посетете го село Владимирово и ресторанот Текила која е приказна сама по себе

Ако некогаш барате уникатна локација која ја немате посетено, можеби селото Владимирово во Беровско ќе биде иделаната дестинација за вас. Познато по „Илиденските средби“ во ова село живее доста гостопримлив народ кој дефинитивно ќе ви остане на листата на нови познаници кои ќе сакате повторно да ги посетите.


Фото: Petrovskyz

Во самото селце се наоѓа уникатниот ресторан со уште поуникатно име „Текила“. За него локалните мештани велат дека се уште може да се вкусат разни локални специјалитети, а често на менито може да се сретна разни специјалитети од свежи локални печурки.

Ресторанот е отворен во далечната 1991 година во познатото беровско село Владимирово кое буквално има „повеќе доктори на науки по глава на жител од било каде во Македонија“.


Некогаш само мала семејна кафеана која ја предводи мајсторот Кирил Царовски, а денеска центар на добрата кујна и скара, за кое гастро место многумина ќе речат обележје на Малешевијата. За околните беровски села и градот Берово, престиж е да се оди на ручек или на вечера овде.


Локалните мештани велат дека овде владее сплотеноста, љубезноста и гостопримството. Текила ја сметаат како центар на социјалниот живот, каде што има прекрасна дружба и кадешто има вкусна малешевска скара.


За оние кои ќе се одлучат да го посетат селото Владимирово и ресторанот „Текила“, ние ги советуваме да вкусат: Свежо месо на плотна, полнето пилешко со сланина, пастрмалии, шаркса плескавица и локален зеленчук на скара.

Повеќе информации, фотографии и контакт за резервација можете да најдете со еден клик ОВДЕ.

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Македонија повторно изненадува: Антички мозаик откриен на локација за која малкумина знаат

Мозаикот во Пеленица кај Драчево открива нов дел од античката историја на Скопје. Откријте што пронајдоа археолозите.

November Run: 3.000 учесници минатата година, ново издание на 14 и 15 ноември

November Run 2026 ќе се одржи на 14 и 15 ноември во Гевгелија. Минатата година настанот привлече 3.000 учесници, од кои 1.300 на главните трки.

Аеродромот во Неапол е затворен цел ноември: што да проверите

Аеродромот во Неапол е затворен од 1 до 30 ноември за реконструкција на пистата. Дел од летовите се префрлени во Салерно.

Стоби: нови откритија во римскиот театар

По 17-та сезона истражувања во Стоби, археолозите документираа две градежни фази, заѕидан премин и предмети од доцната антика.

Пештера Врело на Матка: рекордни 338 метри | Кајак.мк

Експедицијата „Врело 2026“ ја истражи пештерата Врело на Матка до 338 метри. Дознајте што значи рекордот и како се посетува пештерата.

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!