12.05.2022

Дали сте слушнале за Етно село- Андревци?

Дали сте слушнале за Етно село- Андревци?

Гастрономските дестинации кои ги додаваме во базата на Кајак.мк втори омилени предлози на патувачите, веднаш после приватните сместувања кои ги објавуваме секојдневно.

Но што се случува кога гастрономската дестинација е воедно и дестинација за престој и одмарање? Тогаш имаме полн погодок.

Една таква дестинација додаваме денеска во базата на Кајак.мк. Станува збор за етно селото „Андревци“ кое е стационирано во селото Годивје. За оние кои за првпат се среќаваат со називот Годивје, еве еден мал опис.


Селото Годивје се наоѓа во областа Дебрца, на источните падини на Славеј Планина, оддалечено 27 километри јужно од Кичево и 38 километри северно од Охрид и Струга.

Домаќинот кој ги отвори вратите за светот на Кајак.мк вели дека сите гости се добредојдени со претходна резервација и закажување, поради комплексноста на работата.

Нашиот тим не сомнева дека во престојната сезона многумина од вас ќе го посетат ова прекрасно планински селце од причина што можете слободно и опуштено да ги исплакнете очите, да ја нахраните вашата душа и да уживате во мирот и тишината кои владеат во селото.


Сигурно би се запрашале што е она кое ни ви го препрачуваме да го дегустирате во етно-селото?

Штом им јавите на домаќините, а број за контакт можете да најдете со еден клик ОВДЕ, прашајте ги дали се во можност да ви го подготват домашното традиционално ѓомлезе, коматото со праз и сирење, овчото и козјо сирење, малакото со лунк, петулиците, ајварот и специјалитетите од јагнешко, јарешко, телешко, домашни колбаси со праз, како и специјалитетите со печурки кои добро се прарираат со домашно вино и домашна ракија.


Оние пак кои сакаат да прошетат низ селото, треба да знаат дека овде се наоѓаат четири цркви, од кои најстарата е Св.Ѓорѓија од 13-ти век, црквата Св.Никола која е во самиот центар на селото, Св. Спас и недалеку од селото се наоѓа црквата Св.Ватроломеј.


Многумина од патувачите сигурно знаат дека овде се наоѓа и познатиот извор наречен Света Среда, Света Петка и Света Недела, за кои се смета дека се лековити извори.


Во склоп на етно ресторанот се наоѓа и Етнолошки музеј, антикварница и исто така објектот има сместувачки капацитет каде може да се сместат и од 5 лица.

Доколку сакате повеќе инфо и контакт, кликнете ОВДЕ.

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Македонија повторно изненадува: Антички мозаик откриен на локација за која малкумина знаат

Мозаикот во Пеленица кај Драчево открива нов дел од античката историја на Скопје. Откријте што пронајдоа археолозите.

November Run: 3.000 учесници минатата година, ново издание на 14 и 15 ноември

November Run 2026 ќе се одржи на 14 и 15 ноември во Гевгелија. Минатата година настанот привлече 3.000 учесници, од кои 1.300 на главните трки.

Аеродромот во Неапол е затворен цел ноември: што да проверите

Аеродромот во Неапол е затворен од 1 до 30 ноември за реконструкција на пистата. Дел од летовите се префрлени во Салерно.

Стоби: нови откритија во римскиот театар

По 17-та сезона истражувања во Стоби, археолозите документираа две градежни фази, заѕидан премин и предмети од доцната антика.

Пештера Врело на Матка: рекордни 338 метри | Кајак.мк

Експедицијата „Врело 2026“ ја истражи пештерата Врело на Матка до 338 метри. Дознајте што значи рекордот и како се посетува пештерата.

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!