05.06.2022
Дали сте ја посетиле Бела Вода? Гастро дестинација на истокот од Македонија
Дали сте ја посетиле Бела Вода? Гастро дестинација на истокот од Македонија
Кога веќе додаваме сместувачки капацитети од истокот на Македонија, сакаме да додадеме и една прекрасна гастрономска дестинација која треба да биде дел од вашата летна агенда.

Од денеска во базата
„Гастрономија“ го додаваме комплексот „Бела Вода“ кој се наоѓа на регионалниот
пат Берово- Струмица.
До „Бела Вода“ можете да пристигнете со секакво возило, вклучувајќи и автобуски превоз. Има свој приватен паркинг за паркирање, а има и доста атракции кои ќе ви го исполнат вашето слободно време.

Комплексот има свои коњи со кои може да се организира тура во околината, а има и свој приватен отворен базаен кој функционира во текот на летната сезона.

Отворен е во 2014-та
година и прераснува како популарна гастономска дестинација по своите рибници со
свежа пастрмка. Специјалитет на куќата е малешевската плескавица, плесаквицата „Бела
Вода“, селската малешевска тава, крапот, пастрмката, компирот и домашната
шливовоа ракија.
Доколку сакате контакт
за резервација, кликнете ОВДЕ.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
November Run: 3.000 учесници минатата година, ново издание на 14 и 15 ноември
November Run 2026 ќе се одржи на 14 и 15 ноември во Гевгелија. Минатата година настанот привлече 3.000 учесници, од кои 1.300 на главните трки.
Аеродромот во Неапол е затворен цел ноември: што да проверите
Аеродромот во Неапол е затворен од 1 до 30 ноември за реконструкција на пистата. Дел од летовите се префрлени во Салерно.
Стоби: нови откритија во римскиот театар
По 17-та сезона истражувања во Стоби, археолозите документираа две градежни фази, заѕидан премин и предмети од доцната антика.
Пештера Врело на Матка: рекордни 338 метри | Кајак.мк
Експедицијата „Врело 2026“ ја истражи пештерата Врело на Матка до 338 метри. Дознајте што значи рекордот и како се посетува пештерата.
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Ја заменив Норвешка со село Шлегово: Творењето ја води Маргарета низ животниот лавиринт
По осум години во Норвешка, Маргарета се вратила во село Шлегово, во потрага по поспокоен живот и повеќе време за творење. Инспирирана од природата и скандинавската естетика, денес создава уникатни ракотворби од рециклирани и други материјали.