03.06.2020
Германија: Од 15 јуни дозволено патување во европските земји
Германија: Од 15 јуни дозволено патување во европските земји
Германија ја крева рампата за своите државјани кои од 15 јуни ќе можат да патуваат во земјите од Шенген зоната, со дополнителни совети за безбедност од тамошните власти.
Шефот на германската дипломатија Хајко Маас, појасни дека сепак дополнителна одлука ќе биде донесена за Шпанија која е се уште меѓу главните жаришта на заболени од коронавирусот. Дополнително, како што кажа тој, земјата се отвора и кон Велика Британија, Норвешка и Швајцарија. Сепак, доколку бројката на заболени во некоја од овие држави надмине 50 заболени на 100 илјади жители, тогаш рестриктивните мерки ќе бидат повторно вратени. Маас појасни и дека во моментов нема одлука за отворање на границите со држави кои не се членки на ЕУ.
-Ова не беше лесна одлука за нас, ја донесовме по долги интензивни дискусии со нашите европски партнери изминатите денови и недели. Но, мерките се намалуваат постепено насекаде. / За трети држави, ја чекаме одлуката на Европската Комисија оваа недела, дали ќе бидат продолжени рестрикциите за влез во Европската Унија од трети држави, истакна Хајко Маас – Министер за надворешни работи на Германија.
Италија пак која изминатиот период беше една од најзафатените земји на европско тло по бројката на заболени и починати од коронавирусот, од денеска ги отвора регионалните граници во својата држава. Со ова се овозможува поголема слобода на движење за повеќе од 60 милиони жители на земјата, а од денеска е дозволен и влез на државјани од шенген – зоната, без карантин. Од регионот пак, Србија, Црна Гора, Албанија и Србија веќе ги отворија своите граници, а Грција се очекува тоа да го стори на 15 јуни.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Планинско сместување на Кајак.мк каде никој нема да може да ве најде!
Планинско сместување на Кајак.мк каде никој нема да може да ве најде!
Македонија по зајдисонце: земјата што не ја гледаме преку ден
Што се случува во Македонија кога ќе се стемни? Од ѕвезденото небо и ноќните планински патеки до селските огништа и необичните места за престој.
Како високите температури влијаат врз пчелите и опрашувањето во Македонија
Како високите температури влијаат врз пчелите, опрашувањето и природата во Македонија и зошто климатските промени се важни за пчеларството и земјоделството.
Хотел во Јапонија каде гостите не само што престојуваат, туку учат традиција стара со генерации
Хотел во Јапонија им овозможува на гостите да запознаат древна традиција, да посетат фарма и да научат како се подготвува традиционален ферментиран зеленчук.
Оваа планинска оаза е во Македонија и во неа може да се престојува!
Оваа планинска оаза е во Македонија и во неа може да се престојува!
Дали Македонија знае да го претвори филмот во туризам?
Од „The Odyssey“ на Кристофер Нолан до Мариово и македонските филмски локации – може ли филмот да стане нов двигател на туризмот во Македонија?