01.03.2023
Се вратив од Русија за да вложам во македонското вино
Се вратив од Русија за да вложам во македонското вино
На платформата на Кајак.мк можете да ги најдете скоро сите приказни поврзани со луѓето производители на македонско вино. Среќни сме што имаме повеќе приказни за винарии од било која друга платформа која се залага за промоција на туризмот во Македонија, а тоа нам нѐ прави да бидеме на добар пат.

На Кајак.мк може да најдете сѐ што ве интересира во врска со
винскиот туризам во Македонија. На располагање имаме многу винарии кои може да
ги посетите со вашите роднини и пријатели или пак да ги посетите со ваши колеги од работа.
По вчерашната приказна која ја раскажавме од село Крњево (која можете да ја прочитате со еден клик ОВДЕ), денеска се селиме во Вардарската Долина каде ќе ве запознаеме со приказната на господинот Андон Ризов, човекот кој својот животот го посветил работејќи во Москва, но љубовта кон татковината и желбата да создава вино со свој белег го поттикнала да се врати во својот роден крај.

Доколку прашате некој кој слушнал за селото Курија близу
Неготино, една од работите што ќе ви ја потенцира ќе биде винаријата „Вардарска
Долина“ која господинот Андон ја отворил во 2000-та година.
За нас винаријата „Вардарска Долина“ претставува амбасадор и промотор на Македонија, бидејќи воедно е првата македонска винарија која стигнала до рускиот пазар.

Винаријата „Вардарска Долина“ ја следи дамнешната традиција на овие простори, но исто така и модерната технологија која се повеќе се развива во овој сектор, а која технологија денеска и помога на винаријата да произведе капацитет од над 800,000 шишиња квалитено вино од сортата Шардоне, Траминец, Мускат Темјаника, Вранец, Каберне Совињон, Пинот Ноар и Мерлот.

Скоро 90 отсто од производството го пласира на изворните пазари како Русија, Германија, Чешка, Кандада, Бугарија, Хрватска и Србија, а останатиот дел на домашниот пазар.

Денеска, винаријата има свои насади на Траминец, Темјаника, Шардоне, Каберне Совињон, Каберне Франк кои се протегаат а површина од 18 ха, а покрај сопствените насади, винаријата соработува и со долгорочни добавувачи кои овозможуваат следење на растот, заштитата и задржување на квалитетот на грозјето.

Од винаријата „Вардарска Долина“ велат дека виното е
резултат на искуството, традицијата и љубовта која е вложена од самото раѓање и
развивање на винаријата и додаваат дека виното е наменето за луѓе кои имаат дух
и за оние кои знаат да уживаат во убавото.
Наскоро винаријата „Вардарска Долина“ ќе ја отвори својата сала
за дегустации, за која ќе добиете повеќе информации наскоро.
Точната локација на винаријата, како и контакт телефон
можете да најдете со еден клик ОВДЕ.
Коментари
-
Petkovska emilija
02.03.2023 23:10
Jas sum tuzizmolog so vas turizam zavrseno....prdse mi e posebno Drago sto postojal luge Kako vas so. Re abora od rusija dojdivte ovde so ljubov ja izgradivte vinarijata has mozam da kazam uzivatel sum imam poznabanje dosta okolu ovaa rabota I vie Kako nasi idni predstavnici od m.s.mk.mi e Milo sto postoite I prodolzete taka gospodine bi sakala da sum del od vasiot Tim I prisutna na sekoja vasa prezentacija no toa SE pisuva ili slusa na sostanok baka javno bi ve prograsila za najdobri ,najkvaliterni iako nemam seuste dojdeno na priem kaj vas ke mi bide osobenk Drago da ve posetam ili mi ponudite pokana za priem a voed o I za ponaramisna konsultacija vo oblasta na rabotata poz do semejstvoto I Tim sto e vraboten I SE nadevam vo bluska idnina na skoresno viduvanje...samo napred najdobri ste....poz so pocit
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
7 природни места во Македонија за летно капење и разладување
Не се само езерата за летно освежување. Откријте 7 природни места во Македонија за капење и разладување, од реки и планински вирови до водопади и скриени места во природа.
Кога последен пат сте биле туристи во сопствената земја?
Откријте ги убавините на Македонија од поинаква перспектива. Идеи за излети, викенд патувања, скриени места, природа и автентични доживувања што можеби ви се поблиску отколку што мислите.
Целосно затемнување на Сонцето 2026: Патување до најголемиот небесен спектакл во Европа
Откријте го целосното затемнување на Сонцето во 2026 година и најдобрите места во Европа за уникатно патување исполнето со природа и астрономија.
Скриени дестинации во Европа: Македонија станува нов туристички бисер
Сѐ повеќе туристи бараат автентични и помалку познати места во Европа. Откријте зошто Македонија има потенцијал да стане една од најинтересните туристички дестинации на Балканот.
Овие планински дрвени куќички се наоѓаат во Македонија, а имаат и отворен базен
Во срцето на недопрената природа, на само петнаесет километри од урбаното јато на Скопје, се наоѓаат шест мирни оази изработени од дрво—модерни куќички кои ветуваат одмор за душата и телото.
Баба Лепа на 85 години прави едни од највкусните „кори“ во Македонија
Баба Лепа на 85 години прави едни од највкусните „кори“ во Македонија. Приказна на Кајак.мк која можете да ја читате додека сте на планина, плажа, пикник, дома или на работа.