18.08.2020
Во Македонија има едно место кое се нарекува „Бела Вода“
Во Македонија има едно место кое се нарекува „Бела Вода“
Бела Вода е етно-туристички комплекс лоциран во централниот дел на Малешевијата, приближно на 35 км од Струмица и 25 км од Берово. Пријатната клима за време на лето, есен, пролет, зима го прави овој регион чудесно ипожелно место за опуштање и уживање во даровите од природата преку целата година.

Foto: Natalija Fidanovska
Комплексот располага со сопствен паркинг, отворен базен и сместувачки капацитети во тип на бунгалови. Бунгаловите се уредени во етно традиционален стил и се опремени со ТВ, сателитска, посебен тоалет, фен и фрижидер. Располагаме со бунгалови со различен број на кревети, а максималниот капацитет е 8 лица во една вила.
Во склоп на комплексот се наоѓа и ресторанот Бела Вода Ви нуди вкусно зготвена традиционална храна, а во склоп со пријатен амбиент и професионален персонал, загарантирано ќе уживате.

Целата површина на комплексот се наоѓа во шума, одлична за спортски содржини, како што се прошетки, планинарење, планински велосипедизам, и пливање во отврениот базен. Освен тоа, гостите имаат на располагање 8 коњи, со кои организира кратки и долги тури.
|
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Македонија повторно изненадува: Антички мозаик откриен на локација за која малкумина знаат
Мозаикот во Пеленица кај Драчево открива нов дел од античката историја на Скопје. Откријте што пронајдоа археолозите.
November Run: 3.000 учесници минатата година, ново издание на 14 и 15 ноември
November Run 2026 ќе се одржи на 14 и 15 ноември во Гевгелија. Минатата година настанот привлече 3.000 учесници, од кои 1.300 на главните трки.
Аеродромот во Неапол е затворен цел ноември: што да проверите
Аеродромот во Неапол е затворен од 1 до 30 ноември за реконструкција на пистата. Дел од летовите се префрлени во Салерно.
Стоби: нови откритија во римскиот театар
По 17-та сезона истражувања во Стоби, археолозите документираа две градежни фази, заѕидан премин и предмети од доцната антика.
Пештера Врело на Матка: рекордни 338 метри | Кајак.мк
Експедицијата „Врело 2026“ ја истражи пештерата Врело на Матка до 338 метри. Дознајте што значи рекордот и како се посетува пештерата.
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
