10.05.2022

Вкусна храна и престој во уникатен чифлик во Македонија

Вкусна храна и престој во уникатен чифлик во Македонија

Многу од патувачите кои одлучија да го посетат чифликот во Долна Белица, ни кажа дека не погрешиле во изборот. Чифликот се наоѓа на доста уникатна локација, на 34 километри од Македонски Брод, а патувањето до чифликот е приказна сама по себе.


Домаќините кои минатата година ги отворија вратите од чифликот за светот на Кајак.мк велат дека гостите најмногу се воодушевени од кристално чистата вода на прекрасната река Белешница која тече низ густата зелена шума. Ова река од 2002-та година е заштитена како споменик на природата.


Тимот на Кајак.мк го препорачува местото за љубителите на активниот туризам, за спортување на отворено, медитирање, јога и секако дегустирање навкусната храна која се подготвува овде. Околу чифликот ќе може да галите и да уживате со домашни животни кои го живеат својот спокој овде.


Како новост во понудата на чифликот е изнајмување на АТВ мотори со кои можете да го истражувате регионот на многу повозбудлив начин.

Повеќе информации за АТВ турите во регионот, можете да прочитате со еден клик ОВДЕ.

Доколку сакате да извршите резервација во чифликот, тоа ќе може да го направите со еден клик ОВДЕ.

Ресторанот на мотелот можете да го резервирате со еден клик ОВДЕ.

Остави Коментар

Коментари

  • Dragi Talevski

    16.08.2022 03:48

    Preubavo mesto, priroda, motel - restoran za odmor so smestuvanje, odlicen personal, muzika za vikend, vkusna hrana, i prifatlivi ceni da mozi sekoj da gi vidi ubavinite na toj del od Porecieto. Sme bile povekje pati, no nikogas dovolno, so sekoe povtorno odenje otkrivas nesto novo so koe povekje se privrzuvas kon mestoto - Ciflikot

Прочитајте повеќе

Планинска дрвена викендица во која секој би сакал да престојува

Уникатните сместувања кои ги има во Македонија можете да ги најдете на платформата на Кајак.мк.

Охрид ја има најуникатната вила во бохо стил

Нашиот тим денеска ве води во Охрид, односно во населбата Рача, каде своите врати за светот на Кајак.мк ги отворија нашите нови млади домаќини за кои можеме да речеме дека го чествуваат новиот концепт на турзам кој ќе се развива во блиска иднина.

Велешанецот Давор е еден од ретките пирографичари во регионот

Давор потекнува од Велес и љубовта кон уметноста ја негува уште од детските години. Во историјата на неговото семејство се среќаваат занаетчиството и уметноста во различни облици – од изработка на мебел и предмети од дрво до копаничарство.

Престојувајте во мала семејна винарија во село Пепелиште

Винарија Максимилијан со можност за ноќевање. Нови апартмани отворени во склоп на винаријата.

Во Македонија се наоѓа „Рајот на земјата“ за кој малкумина слушнале

За оние коишто не се љубители на приватни места, места каде спокојот е приоритет и каде природата ќе биде 99% од вашето секојдневие за време на престојот, може слободно да ја исклучат страницата.

Изолирана вила со базен во село Орашец идеална за уживање

Околината на вилата е исполнета со зеленило, брда, чист воздух, а локацијата нуди и прекрасно зајдисонце.