03.08.2023
Предлог ресторан со вкусни специјалитети од риба
Предлог ресторан со вкусни специјалитети од риба
Базата на Кајак.мк ја збогатуваме со уште една одлична гастор дестинација, односно ја додаваме нашата 165-та гастро дестинација на која можете да уживате во одличните локални специјалитети и да го уживате правиот вкус на македонската кујна.

Многумина кои го
посетиле рибниот ресторан Квин ќе ви речат „Не си заминувајте без да ги пробате
вкусните ребра“, но ние би рекле дека овде акцент треба да ставите
на вкусната свежа риба која ќе ви биде уловена од рибникот.
Ајде да се вратиме на почетокот. Сигурно се прашувате каде се наоѓа Ресторанот Квин? Точната локација која ќе ве одведе до самиот ресторан можете да ја најдете со еден клик ОВДЕ, како што веќе знаете тимот на Кајак.мк ги лоцира на мапа сите уникатни гастро дестинации.

За оние кои се противници
на GOOGLE MAPS, еве неколку
совети како да се стигне до ресторанот:
Ресторанот се наоѓа недалеку од Љубанци, селце лежи во подножјето на Скопска Црна Гора. Со пријатна клима и на надморска височина од околу 600 метри, овој предел ќе ви помогне за момент да заборавите на летните горештини кои владеат со главниот град.

Љубанци се наоѓа на околу 15 километри од центарот на Скопје, а за оние кои ќе се одлучат да го посетат ресторанот Квин, ние ги советуваме да го искомбинираат денот со активности во природа. Овде можете да го посетите Башинец од каде имате прекрасен поглед кон цело Скопје, а исто така можете да го посетите и манастирот Св. Никола.

Рибниот ресторан Квин работи секој ден освен понеделник, а наш совет е пред да го посетите да се јавите на контакт телефонот оставен за резервации.

За љубителите на вкусната риба, ви препорачуваме да вкусите свежа пастрмка или крап, а за љубителите на
месото, овде можете да најдете вкусни ребра и ред други месни специјалитети.
Телефонскиот број
за резервации како и мапа со локација можете да најдете со еден клик ОВДЕ.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Македонија повторно изненадува: Антички мозаик откриен на локација за која малкумина знаат
Мозаикот во Пеленица кај Драчево открива нов дел од античката историја на Скопје. Откријте што пронајдоа археолозите.
November Run: 3.000 учесници минатата година, ново издание на 14 и 15 ноември
November Run 2026 ќе се одржи на 14 и 15 ноември во Гевгелија. Минатата година настанот привлече 3.000 учесници, од кои 1.300 на главните трки.
Аеродромот во Неапол е затворен цел ноември: што да проверите
Аеродромот во Неапол е затворен од 1 до 30 ноември за реконструкција на пистата. Дел од летовите се префрлени во Салерно.
Стоби: нови откритија во римскиот театар
По 17-та сезона истражувања во Стоби, археолозите документираа две градежни фази, заѕидан премин и предмети од доцната антика.
Пештера Врело на Матка: рекордни 338 метри | Кајак.мк
Експедицијата „Врело 2026“ ја истражи пештерата Врело на Матка до 338 метри. Дознајте што значи рекордот и како се посетува пештерата.
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!