12.01.2022

Природата во Македонија ми помага да творам на мој начин

Природата во Македонија ми помага да творам на мој начин

Приказните за младите локални херои во Македонија мора да продолжат и во 2022 година. Прва скромна приказна која тимот на Кајак.мк ќе ви ја раскаже во новата година е за Александар Радически. Гостивачанецот кој со помош на елементи од природата кои ги собира додека е на прошетка, создава уметнички дела на свој уникатен начин.


Александар за себе вели дека е активен планинар и член на „ПСК Бистра“ од Гостивар. Досега има реализирано две успешни изложби од свои лични фотографии, а вели дека ваквите рачно изработени слики кои започнал да ги прави пред шест години го поттикнале да стане страствен колекционер.


Во ова техника се заљубил пред шест години додека бил на планинарење и каде спонтано започнал да собира уникатни камчиња кои подоцна ги искористил да направи некое дело, кое било- цвет.

Делата кои ги изработува имаат своја симболика. Често слика цветови или семејство, за кои како што вели имаат своја посебна убавина.

За тоа каква ќе биде сликата зависи и регионот кој ќе го посети. Александар вели дека секој регион има различни природни материјали кои може да се искористат. Во последно време се труди да ги слика пејсажите кои ги гледа додека патува, меѓутоа вели дека за тоа треба време и подготвеност.


Процесот на изработка не е едноставен, вели тој. Истиот знае да трае и до осум дена, а неретко и повеќе. Се зависи од избраната тема на купувачот, неговата замисла и секако асортиманот на камчиња и материјали кои ги има на располагање.

Првиот чекор започнува со брусање на подлогата, лакирање на истата и средување на рамката, за потоа да започне најубавиот дел со вметнувањето на елементите.


За тоа што најчесто бараат луѓето од него, Александар вели дека тоа се убави моменти кои ќе ги асоцираат на доживеаното искуство. Почнувајќи од фамилијарни моменти, запросувања па се до романтични подароци за саканите.

Александар вели дека неговите дела може да се порачат преку фејсбук, а за дирекна комуникација може да го контактирате со еден клик ОВДЕ.

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Паметно патување во дигиталната ера: од избор на сместување до безбедно онлајн плаќање

Како правилно да ја користиме технологијата при патување? Совети за избор на сместување, проверка на информации, комуникација со домаќини и безбедно онлајн плаќање.

Македонски ајвар – традиција, домашна храна и есенски вкусови

Откријте ја приказната за македонскиот ајвар, традиционалното подготвување на зимница, семејните обичаи и автентичните гастрономски искуства во Македонија.

10 евтини градови во Европа за викенд-патување

Кои се најевтините градови во Европа за викенд? Откријте 10 дестинации, нивните знаменитости и како да го испланирате буџетот за патување.

Што да правите овој викенд во Скопје? | Кајак.мк

Барате идеја за викенд во Скопје? Откријте јајaње, прошетки со магариња, возење со пајтон и забавни активности во природа со Кајак.мк.

Скопје со 50 директни дестинации: Македонците патуваат 29% повеќе

Скопје беше поврзано со 50 директни дестинации во летната сезона 2026, додека бројот на патници од Скопје и Охрид порасна за 29%.

Болотана – селото на стогодишниците: Дали Македонија ја има својата „Blue Zone“?

Болотана на Сардинија е позната по големиот број стогодишници. Што стои зад долговечноста и дали Македонија има свое село на долговечни жители?