18.10.2022

Кожуф е мој дом веќе цели 10 години

Кожуф е мој дом веќе цели 10 години

Месеците октомври и ноември ги посветуваме на планината и на планинарите. До Кајак.мк пристигна планинарска приказна од Мими Костадинова која цели 10 години е активна планинарка.

Мими вели дека многумина би рекле планинарењето е спорт, но таа би додала дека планинарењето е стил на живот. Човек штом еднаш ги почувствува благодетите и магијата од денот поминат на планинските патеки не може да остане рамнодушен.


Планината е најдобрата терапија која човек може да си ја препише. Таа сама по себе не е опасна или непријателка. Напротив човекот е оној кој со своето однесување и непочитување на правилата на домаќинката планина се доведува во опасност.

"Планините постојат за да ги доживуваме во нив радостите на освојувачи и за да се издигнуваме себеси" ќе рече Јан Алфред Шчепански. Токму затоа треба добро да се информираме и постојано да се едуцираме за секој следен планинарски предизвик. Не случајно и изреката "секоја планина, своја тежина", потврда на секој планинар.


Во Гевгелија четири години активно делува Планинарски спорски клуб ДВЕТЕ УШИ Гевгелија. Домаќинка на ова друштво е Кожуф планина. Планина која малкумина знаат дека има осум врвови над 2.000м.н.в., ( Зелен Брег 2.172м.н.в, Пиново 2.156м.н.в, Дудица 2.145м.н.в, Порта 2.097м.н.в., К-92-Морето 2.102м.н.в, Ѕена 2.065м.н.в., Марково Езеро 2.035м.н.в., Мала рупа 2.004м.н.в.). Планина која изобилува со богата флора и фауна , за жал малку посетувана и истражувана. Предизвикот 10 врвови на Кожуф планина е дел од активностите за годинава.


Оваа планинарско друшто организира планинарски предизвици со искачување на врвовите Порта и Греда. Планина која изобилува со широчина и прекрасни погледи во секое годишно време. Секогаш нуди посебни воздишки погледот кон Егејско море од врв Двете уши 1.766м.н.в. Обележани планинарски патеки, за аматери љубители на планината и веќе искалени планинари.

Не го одбивајте пријателот кој ќе Ви понуди прошетка низ планина. Но запаметете дека највисоката планина останува секогаш во нас.

Приказна која ни ја испрати Мими Костадинова.

Која е вашата планинарска приказна? Споделете ја на: [email protected]

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Што да правите овој викенд во Скопје? | Кајак.мк

Барате идеја за викенд во Скопје? Откријте јајaње, прошетки со магариња, возење со пајтон и забавни активности во природа со Кајак.мк.

Скопје со 50 директни дестинации: Македонците патуваат 29% повеќе

Скопје беше поврзано со 50 директни дестинации во летната сезона 2026, додека бројот на патници од Скопје и Охрид порасна за 29%.

Болотана – селото на стогодишниците: Дали Македонија ја има својата „Blue Zone“?

Болотана на Сардинија е позната по големиот број стогодишници. Што стои зад долговечноста и дали Македонија има свое село на долговечни жители?

Од долгогодишна идеја до ресторан во срцето на Берово: приказната за „Антико“

Во срцето на Берово, „Антико“ ве пречекува со домашни вкусови, пријатна атмосфера и топло гостопримство — место каде што убавите моменти се споделуваат околу трпезата.

Уште еден тим билдинг во организација на Кајак.мк!

Уште еден тим билдинг во организација на Кајак.мк!

Кајак.мк доби државно признание за најуспешна онлајн туристичка платформа на Македонија

Кајак.мк доби државно признание за најуспешна онлајн туристичка платформа на Македонија