09.01.2021
Престојувајте во вила „Вук“ на Попова Шапка: Прекрасен поглед и топол амбиент
Престојувајте во вила „Вук“ на Попова Шапка: Прекрасен поглед и топол амбиент
Овогодинешната
сезона се покажа најдобра за ски центарот „Попова Шапка“. Снег веќе со недели,
туристи веќе со месеци. Секој втор повик или порака која пристигнува до нашиот
тим е поврзана со Шапка.
На Шапка работат
и жичарниците, ски лифтовите, а функционираат и сите ресторани и кафулиња
според здравствените протоколи. На
Попова Шапка секоја година се организира и ски-школа за оние кои ќе се решат да
започнат со скијање. 
Сопственикот на „Вилата Вук“ со која ќе ве запознаеме денеска заедно со уште еден партнер ја организираат ски-школата „Љуботен“ која ќе може да ја најдете на инстаграм како @skiskolaljuboten.
Вук Аризаноски
вечи дека работат со деца од 5 годишна возраст па нагоре. Годините не се важни
ако се има желбата да се научи овој спорт. Часовите траат од 9 наутро до 14
попладне, секој ден за време на зимскиот
распуст. А по распустот, школата се организира само за викенд, како би можеле
сите деца да ги следат часовите. 
Школата располага
со различни групи. Од групи подготвени за на стази, до почетници. Опрема
доколку немаат школата им ја обезбедува по цена од 300 денари за почетниците, а
за понапредните со кацига и наочари цената е 500 денари.
Школата
организира превоз од Тетово до Попова Шапка. Исто така, вклучена е и храната,
сокчињата и слично.„Финалето“ е пред крајот на школата кога се организираат
забавни натпревари и кога се доделуваат дипломите и медалите. 
Секоја година
бројката на деца расте. Тоа е доказ за успешноста на проектот. Школата
располага со три лиценцирани инструктори и два помошника.
За оние кои пак
знаат да скијат или пак имаат цел да ја посетат Попова Шапка само рекреативно,
тогаш нашиот тим ве информира дека од денеска имаме уште една вила со
феноменален ентериер и прекрасен поглед кон ски стазите. 
Вилата „Вук“ е
пријатно уредена, топла вила која е идеална за сите авантуристи и љубители на
снегот. Она што ние ви го гарантираме е прекрасно утринско чувство додека го
пиете вашето кафе или чај со поглед кон Шара. 
| Доколку сакате да дознаете повеќе информации за вилата и да извршите резервација кликнете ОВДЕ. |
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Хива – древниот град на Патот на свилата што National Geographic го издвојува за 2026 година
Хива во Узбекистан е меѓу дестинациите што National Geographic ги издвојува за 2026 година. Откријте го древниот град на Патот на свилата и неговото богато наследство.
За крај на оваа работна недела: 5 туристички вести што вреди да ги прочитате
Од новите правила за патување во Европа до дестинациите кои сè повеќе го привлекуваат вниманието на туристите.
Ако сте во Кочани, ова е едно место што гејмерите не треба да го прескокнат
Ако сте во Кочани, пробајте VR, PlayStation 5 и Formula Simulator. Одлична идеја за gaming, дружење, роденден или тим билдинг.
Ново бајковито место во Македонија каде можете да престојувате!
Ново бајковито место во Македонија каде можете да престојувате!
Охрид од поинаква перспектива: вино и традиционални вкусови
Откријте го Охрид од поинаква перспектива со македонски вина, локални сирења, сувомеснати производи и традиционални вкусови.
Македонија добива уште еден скриен рај! Нови уникатни дрвени куќички кај Кокино!
Македонија добива уште еден скриен рај! Нови уникатни дрвени куќички кај Кокино!