30.06.2021

Вила над Охридското езеро која не смеете да ја пропуштите ова лето

Вила над Охридското езеро која не смеете да ја пропуштите ова лето

Во Македонија ги има едни од најубавите приватни сместувачки капацитети само ако знаете како да ги уживате. Ако дел туристите плаќаат огромни суми само за да се меѓу првите редови од плажа, странските туристи пак плаќаат огромни суми за да бидат во апсолутна природа, каде одморот ќе биде во вистинска смисла одмор.


Доколку прошетате околу Охридско езеро ќе сретнете уникатни вили кои проголтани од планината нудат прекасен поглед кон езерото. Еден таков објект кој од денеска е дел од базата на Кајак.мк е Paradise Nest House која е изградена во 2018-та година и е нова градба, но со запазени елементи. Вилата е изградена од камен и дрво, што одлично се вклопува во природата.


Домаќинката Ивона која ги отвори своите врати за светот на Кајак.мк вели дека за внатрешниот и надворешниот изглед е одговорен нејзиниот татко Зоран кој со свои раце ја има изградено вилата, а при кое градење добива целосна помош од фамилијата.


Ентериерот на вилата е доста уникатен што секое парче си има своја приказна. Дворот пак е простран и премен со хамоци и тревник.

Она што е најважно од се е прекрасниот поглед кој го нуди вилата кон зајдисонцето над езерото. Па дали може да си замислете како уживате во дворот на лулашката со тивка музика и прекрасно зајдисонце?

За активните туристи и луѓето кои избегнуваат класичен одмор, ова сместување ќе им ги задоволи потребите бидејќи во непосредна близина на вилата има пешачки патеки кои водат до село Шипокно, Велестово и Коњско. Но она што е доста важно да се напомене е дека сопствениците на вилата организираат тури до Галичица, а исто така се организираат и тури до кајче до Трпејца во која тура е вклучен и ручек во рибен ресторан. Но да биде одморот уште поактивен, сопствениците нудат тури и со едрилица, како и параглајдер.

Сигурно сте доста љубопитни и барате повеќе информации за престој? Повеќе фотографии, контакт за резервација и информации ќе најдете со еден клик ОВДЕ.

Остави Коментар

Коментари

  • Илиќ Невенка

    30.06.2021 14:10

    Ако може цени за сместување во Охрид?

Прочитајте повеќе

Аеродромот во Неапол е затворен цел ноември: што да проверите

Аеродромот во Неапол е затворен од 1 до 30 ноември за реконструкција на пистата. Дел од летовите се префрлени во Салерно.

Стоби: нови откритија во римскиот театар

По 17-та сезона истражувања во Стоби, археолозите документираа две градежни фази, заѕидан премин и предмети од доцната антика.

Пештера Врело на Матка: рекордни 338 метри | Кајак.мк

Експедицијата „Врело 2026“ ја истражи пештерата Врело на Матка до 338 метри. Дознајте што значи рекордот и како се посетува пештерата.

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Ја заменив Норвешка со село Шлегово: Творењето ја води Маргарета низ животниот лавиринт

По осум години во Норвешка, Маргарета се вратила во село Шлегово, во потрага по поспокоен живот и повеќе време за творење. Инспирирана од природата и скандинавската естетика, денес создава уникатни ракотворби од рециклирани и други материјали.

Создавам работи кои не можат да се купат во продавница!

Од камчиња до 25.000 парчиња: Александар Радически од Гостивар создава уникатна уметност и им дава нов живот на заборавените предмети.