03.10.2020

Се иселив од Скопје за да молзам кози

Се иселив од Скопје за да молзам кози

Првиот туристички сервер за домашни и светски патувања „Кајак.мк“ продолжува со промоција на домашниот рурален туризам и младите кои прават ситни работи со огромно значење во развојот на македонскиот туризам.  

Денеска се запознаваме со Давид. Млад човек кој пред 8 години со своето семејсто се преселува од Скопје во село Раштак. Тој е познат по новиот иновативен и млад бред млечни призводи „Kozi Mleko Planina“.
Ова село каде што тој се реши да инвестира не е случајно избрано, туку неговите баба и дедо својот живот го поминале токму на ова место. Тој вели дека не се пронашол многу во градот, па се решил заедно со своето семејство да го „стават во функција“ сопственот земјиште. За почеток купуваат 10 кози и започнуваат со изучување на козарството и начинот на преработка на млекото во млечни производи. 


КАЈАК: Здраво Давид. Како ти текна да започнеш нешто вакво?

Одлуката беше семејна и долго време проучувана, изборот за кози ни го определи теренот на селото но и самоедукацијата, предноста на козјото млеко и млечните производи кои се негуваа во светот кои за жал кај нас беше подзаборавена оваа гранка и и беше прекинат континуитетот.


Кајак: Што ти беше мотивација? Како се пронајде во ова?

Помената не одеше баш лесно но верував во тоа што го правевме, ме мотивираше фактот што минатиот век во големите војни страдаа многу луѓе и деца но и гладните и жедните во африка од овој век што во мене влеваше срам од сожалување и жалење од предизвиците. Не ми требаше многу да се пронајдам бидејќи студирав археологија (за жал ги прекинав студиите) и имав прилика да се запознаам со природата и нејзините предизвици но и нејзините дарови како во праисторијата.


Кајкак: Гледаме дека и друштвото од Скопје ти помагало викендот? Што велат за твојата идеја и бизнис?

Да, овој викенд имав помош по иницијатива на пријателите бидејќи немам време за дружење и симнување во скопје бидејќи се наоѓаме кон средина од сезоната на млеко и млечни производи, навистина ми беше потребна помош но незнаев како да ја побарам, нешто како да ме кочеше но пријатно ме изненади нивниот елан и решителност. Се почувствував како кога ја слушнав за првпат „With A Little Help From My Friends од Joe Cocker“ верзијата од 1969 Woodstock. Навистина прекрасно. Драго ми е што интересот за помош на фармата расте. Пријателите се уште се околу мене и веруваат во моите постапки и визија.

Кајак: Каде се гледаш во иднина?

Сточарството е професија во која се размислува на среден и долг рок, имаме многу идеи но и многу работа до реализација, најважно е да останеме здрави и да пловиме по деновите.


Kaјак: Што им препорачуваш на младите?

На сите им препорачувам да се трудат да живеат во склад со природата и да водат грижа за сопственото здравје и околината, со оглед на околностите во кои живееме верувам дека се повеќе млади ќе се охрабруваат кон земјоделството и сточарството

Кајак: Како да дојдат до твојот производ? Каде може да те најдат?

За нашиот начин на живот и сите информации околу производите и начинот на кој што функционираме секој заинтересиран може да не најде на фб профилот Кози Млеко Планина, фб страната Kozi Mleko Planina или инстаграм kozimlekoplanina.

Кајак: Дали си расположен за гости кои се заинтересирани за рурален туризам?

Во блиска иднина ќе имаме изненадувања на неколку полиња.


Прочитај повеќе: Хотел за агротуризам во Албанија и пркоси на дефиницјата за класично сместување



Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Валандовчанката Гуна произведува слатко од лути пиперки

Кајак.мк денеска ве води во Валандово, град кој потсеќа на калинката, но отсега можеби некој од вас ќе го асоцира и на „Слатко од лути пиперки“.

Зоран Стојков од Демир Капија со нова винска станица во регионот

Зоран е роден во Демир Капија. Првиот контакт со винското производство го има во винарската визба во Демир Капија која редовно ја посетувал со желба да работи во неа.

Битолчанецот Ѓорѓи произведува тестенини со вкусот на Македонија

Некаде во Македонија ги нарекуваме јуфки, некаде како кори и губи, но без разлика на нивниот локален назив, тестенините кои и произведува Ѓорѓи имаат автентични вкусови од цела Македонија.

Ненад Лазаров од Пробиштип: Млад номадски пчелар со големи амбиции

Ненад Лазаров има своја уникатна приказна која вреди да се прочита до крај. За разлика од своите врсници кои на негови години се одлучуваат да ја напуштат државата, тој со својот татко неурно работи во креирањето на една успешна медена приказна која го носи називот Medlex.

Во Македонија се отвори сместување кое ќе ве зароби во планински спокој

Ве водиме во селцето Ехлоец, кое селце е уникатно по тоа што е единственото мијачко село од источната страна на Бистра-Стогово, на надморска височина од околу 1000 метри.

Даниела од село Буково го произведува најдобриот буковски пипер

Туристите кои ни доаѓаат во државата, ни коментираат дека Македонија го има задржано стариот добар вкус на сите природни состојки. Истите тие странски туристи ни потенцираат дека треба да направиме сѐ за да го зачуваме ваквиот вкус и да го промовираме насекаде во Европа.