09.08.2022

Живка Ѓурчиновска, жена земјоделка која не им се плаши на предизвиците

Живка Ѓурчиновска, жена земјоделка која не им се плаши на предизвиците

Доколку денот не Ви оди како што треба и чувствувате некоја негативна енергија, тимот на Кајак.мк ви препорачува да си подготвите кафе и да го прочитате нашето денешно четиво, низ кое ќе Ви го раскажеме ентузијазмот на Живка Ѓурчиновска, жената која од денеска е дел од светот на локалните херои на Кајак кои прават мали нешта од огромно значење во развојот на туризмот во Македонија.


Живка Ѓурчиновска живее во село Тумчевиште. Но доколку поразговарате со нејзе, ќе сфатите дека таа живее за село Тумчевиште. Ако појдете во ова селце и ги прашате локалните мештани за неа, со сигурност ќе ви дадат доста податоци, бидејќи како што и самата се претставуваа, таа е првата жена регистрирана како индивидуална земјоделка во ова село.


За оние кои првпат слушаат за Тумчевиште, треба да знаат дека ова селце се наоѓа во срцевината на горнополошко поле, на надморска височина од 490 метри. Селото е меѓу планините Сува Гора на исток и Шар Планина на запад, а од левата страна тече реката Вардар. 


Живка вели дека доаѓа од фамилија која е позната по растително и сточарско производство, но она кое е најинтересно за неа е фактот дека таа важи и за претставник на селото кога треба да се разговара за подобрување општо на положбата на жените во него. Овде е и локално здружение на жени фармери, „Моја Фарма“ во кое таа е претседателка, а здружението пак е дел од „Рурална Коалиција“ преку кое ја основаат „Наша тезга“ како прв он-лајн пазар за продажба на земјоделски производи и преработки произведени исклучиво од жени од руралните средини.


Живка вели дека промените и ризиците најчесто ги презема без страв и двоумење. Така се родила и приказната со насадите од лешници по кои е препознатлива во селото и околината.

Тумчевиште има доста плодна почва. Непосредно до нивите има вода, а земјоделските фамилии успеваат да се прилагодат на модернизацијата на земјоделското производство. Денеска овде може да се најдат домати, пиперки, грав, пченка, пченица, а последниве години како што потенциравме има и лешници за кои почвата е погодна и со добар квалитет.


Денеска, Живка е горда на насадите со лешник, производството на пченка, грав, пченица, домати, краставици и пиперки. Дел од производите може да се најдат секој вторник на пазарот во Гостивар.


Кога станува збор за обработка на почвата и призводство на храна, вели дека во најголем дел работат со модернизирана механика. Почнувајќи од 3 трактори, комбајн и приклучна механизација, а во поново време вложуваат во модернизација на производството на лешници, се со цел да го олеснат начинот на производство и да го следат темпото на современите процеси на производство на храна.


Покрај производство, Живка се заминава со преработа на храна. Интересен е фактот дека таа преработува само по нашите традиционални рецепти односно подготвува зимници, ајвар, различни видови намази од лешници или мед со лешници, везени пиперки и слично на традиционален начин.


Според Живка, се што човек ќе посака, може ад го оствари! Вели дека не е секогаш лесно, но целта ги оправдува сите вложувања. Најважно според неа е да се работи со љубов и да се вложи максимумот од себе.


Кога станува збор за поддршката, овде треба да бидат сите блиски кои таа ги има, но вели дека е жена која е подготвена да преземе ризик, а ризикот носи последици кои мора да ги сноси сама.


Живка од денеска е дел од светот на Кајак, а нејзината приказна можете да ја најдете во базата на „Гастрономија“. За оние кои се заинтересирани да стапат во контакт со неа, повеќе информации може да најдат со еден клик ОВДЕ.

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Уште еден тим билдинг во организација на Кајак.мк!

Уште еден тим билдинг во организација на Кајак.мк!

Кајак.мк доби државно признание за најуспешна онлајн туристичка платформа на Македонија

Кајак.мк доби државно признание за најуспешна онлајн туристичка платформа на Македонија

Кајак.мк со ново сместување на планина Обозна- 1000мнв!

И тогаш кога ќе помислите дека сè сте виделе и посетиле во Македонија, Кајак.мк ве води на ново место и нова локација!

Од долгогодишна идеја до ресторан во срцето на Берово: приказната за „Антико“

Во срцето на Берово, „Антико“ ве пречекува со домашни вкусови, пријатна атмосфера и топло гостопримство — место каде што убавите моменти се споделуваат околу трпезата.

741 илјада туристи за седум месеци: Македонија може многу повеќе

Македонија има што да понуди, но туристичкиот потенцијал сè уште е поголем од бројките Во првите седум месеци од 2026 година Македонија регистрирала 741.446 туристички доаѓања. Растот е мал, а следниот чекор е подолг престој и повеќе причини за патување низ земјата.

Доаѓа викенд: кои диви животни може да ги сретнете на планина во Македонија?

Планирате планинарење? Дознајте кои диви животни живеат во македонските планини и како да постапите ако забележите мечка, дивокоза, волк или змија.