30.03.2020
Слика на Ван Гог украдена од музеј во Амстердам
Слика на Ван Гог украдена од музеј во Амстердам
– Од холандски музеј кој е затворен поради пандемијата на коронавирусот, синоќа е украдена слика на холандскиот уменик Винсет Ван Гог чија вредност се проценува на еден до шест милиони евра.
Музејот Сингер Ларен во истолниот дел на Амстердам соопшти дека сликата „Пролетмна градина“ била украдена во раните утрински часови откако крадците ја скршиле стаклената врата на влезот на музјот. Алармот ведаш се вклучил, но крадците избегале пред да дојде полицијата.
Сликата е од 1884 година и е една од серијата изработени додека сликарот престојувал во домот на неговиот татко.

факти кои не сте ги знаеле за Винсент Ван Гог, преземено од crnobelo.mk

Тој имал само 37 години кога починал, а за неговиот живот се знае веќе доволно преку писмата кои му ги испраќал на неговиот брат и сликите кои ги насликал.
И покрај овие докази од животот на Ван Гог, постојат неколку интересни факти за кои најверојатно не сте слушнале:
Постоеле четворица членови од неговото семејство со името Винсент Ван Гог

Уметникот Винсент Ван Гог го добил името од неговиот мртвороден брат, кој пак го добил името од нивниот дедо. Исто така, и брат му на Винсент, Тео му го дал истото име на својот син. Додека растел, Винсент често го посетувал гробот на кој стои неговото име, каде што всушност бил погребан брат му.
Ван Гог започнал да слика дури на 27 години
Пред да започне да слика , Ван Гог работел во библиотека, бил учител, проповедник, продавал уметнички дела и испробал и неколку други професии. Во декември 1881-та, во писмо до брат му Тео напишал дека сликањето го прави многу среќен, но дека започнал да слика многу доцна во животот.
Тој насликал околу 900 слики и повеќе од 1100 цртежи на хартија во текот на 10 години сè до неговата смрт. Се верува дека Ван Гог страдал од хиперграфија, состојба што доведува до прекумерна желба за пишување и создавање дела.
Ван Гог најверојанто страдал од неколку ментални заболувања

Многу денешни психијатри се обиделе да најдат дијагноза на заболувањата кои ги имал Ван Гог преку симптомите кои тој ги опишувал како халуцинации, депресија и напади. Најчестите дијагнози се шизофренија, сифилис, биполарно растројство, хиперграфија и епилепсија.
Се верува и дека бил аутистичен поради тоа што неговата сестра Елизабет го опишувала како премногу сериозен и некомуникативен, дека секогаш бил несмасен, главата ја држел надолу и бил изгубен во мислите.
Еден биограф кој го студирал животот на Ван Гог велел дека сликарот воопшто не ги познавал добро неговите браќа и сестри и дека не бил способен да ги прочита емоциите на другите луѓе.
Во еден дел од животот живеел со проститутка
Ван Гог бил заљубен повеќепати во животот, и тоа во неговата братучетка кога станала вдовица, во дама од високата класа која се викала Еугенија и во проститука по име Сиен.
Откако си отишол од домот и почнал да живее сам, често бил во друштво на проститутки. Омилена му била Сиен, со која живеел и за која се грижел одреден период од животот. Тој исто така ѝ помогнал да го одгледа нејзиното бебе.
Ван Гог насликал многу портрети од Сиен, но подоцна ја прекинал врската со неа затоа што неговото семејство, посебно неговиот брат Тео кој го издржувал финански, не ја оправдувале врската.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Планинско сместување на Кајак.мк каде никој нема да може да ве најде!
Планинско сместување на Кајак.мк каде никој нема да може да ве најде!
Македонија по зајдисонце: земјата што не ја гледаме преку ден
Што се случува во Македонија кога ќе се стемни? Од ѕвезденото небо и ноќните планински патеки до селските огништа и необичните места за престој.
Како високите температури влијаат врз пчелите и опрашувањето во Македонија
Како високите температури влијаат врз пчелите, опрашувањето и природата во Македонија и зошто климатските промени се важни за пчеларството и земјоделството.
Хотел во Јапонија каде гостите не само што престојуваат, туку учат традиција стара со генерации
Хотел во Јапонија им овозможува на гостите да запознаат древна традиција, да посетат фарма и да научат како се подготвува традиционален ферментиран зеленчук.
Оваа планинска оаза е во Македонија и во неа може да се престојува!
Оваа планинска оаза е во Македонија и во неа може да се престојува!
Дали Македонија знае да го претвори филмот во туризам?
Од „The Odyssey“ на Кристофер Нолан до Мариово и македонските филмски локации – може ли филмот да стане нов двигател на туризмот во Македонија?