06.06.2020

На грчките плажи од денеска дозволена музика и алкохол

На грчките плажи од денеска дозволена музика и алкохол

Од денеска во Грција се отвораат внатрешните делови на кафулињата и угостителските објекти, како и рестораните што се во рамките на хотелите, додека пак на организираните плажи дозволено е да се постават маси, да се пушта музика и да се служат алкохолни пијалаци, јави дописничката на МИА од Атина, пренесува Радио Слободна Европа

Паралелно, од денеска, по речиси тримесечен прекин, почнува грчкото фудбалско првенство.

Дополнителното олабавување на мерките е во рамките на планот на грчката Влада за постепено враќање на земјата во „новата нормалност“.

Во внатрешниот дел на кафулињата и угостителските објекти, дозволено ќе биде едно лице на 2.2 метри квадратни, растојанието меѓу масите треба да биде 90 сантиметри, едно метро и 20 сантиметри или едно метро и 80 сантиметри во зависност од поставеноста на столиците.

За рестораните во хотелите е предвидена шведска маса, тогаш ќе има задолжен келнер или вработен во хотелот што ќе ги послужува гостите, а ќе треба да има и заштитен плексиглас. Гостите, задолжително ќе треба да одржуваат растојание од еден и пол метар.

Со исклучок на неколку конкретни бизниси и активности, Грција, до почетокот на следниот месец се очекува целосно да се врати во „новата нормалност“, откако ќе се спроведат и новите фази од планот на грчката Влада за дополнително олабавување на мерките.

Од понеделник почнуваат со работа ноќните клубови и коцкарниците, од 15 јуни фитнес центрите и музеите, од 1 јули е дозволено одржување конференции и концерти, а сите ќе работат под конкретни правила и прописи.

Од денеска до 1 јули, на работа ќе се вратат 13 отсто од вработените, односно 89 илјади лица, а одново ќе се отворат 63 илјади бизниси.
Извор: slobodnaevropa.mk

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Македонија повторно изненадува: Антички мозаик откриен на локација за која малкумина знаат

Мозаикот во Пеленица кај Драчево открива нов дел од античката историја на Скопје. Откријте што пронајдоа археолозите.

November Run: 3.000 учесници минатата година, ново издание на 14 и 15 ноември

November Run 2026 ќе се одржи на 14 и 15 ноември во Гевгелија. Минатата година настанот привлече 3.000 учесници, од кои 1.300 на главните трки.

Аеродромот во Неапол е затворен цел ноември: што да проверите

Аеродромот во Неапол е затворен од 1 до 30 ноември за реконструкција на пистата. Дел од летовите се префрлени во Салерно.

Стоби: нови откритија во римскиот театар

По 17-та сезона истражувања во Стоби, археолозите документираа две градежни фази, заѕидан премин и предмети од доцната антика.

Пештера Врело на Матка: рекордни 338 метри | Кајак.мк

Експедицијата „Врело 2026“ ја истражи пештерата Врело на Матка до 338 метри. Дознајте што значи рекордот и како се посетува пештерата.

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!