25.02.2021
Организирам тури со „Џејмс“ од Втората Светска Војна
Организирам тури со „Џејмс“ од Втората Светска Војна
Полека но сигурно
ставаме крај на најстудениот месец од годината. Доаѓа рана пролет, доѓа месец
на многу прашања за тоа дали надвор ќе вее нов снег или пак ќе има јако сонце. Со
снегот на планините ќе се дружиме уште еден месец, а потоа полека ќе
започнеме да се спуштаме
покрај езерата, реките, браните и низ котлините.
Нашиот тим
започнува да дели совети за тоа како би можеле да ги искористите ниските
планини во Македонија, односно што се може да се прави во месец март. 
Ве
запознаваме со Љупчо. Човекот кој е љубител на „олд-тајмери“, но во овој случај
не автомобили, туку камиони. Љупчо живее во околината на Лескоец, Охридско. Село кое се наоѓа во Охридското Поле, недалеку од самиот град Охрид на надморска височина од 820 метри. Љупчо може да ви организира една супер викенд авантура, особено за оние кои се љубители на прекрасните панорамски глетки. 
До крајот на Втората светска војна, Лескоец било мало село,
сместено на блага падина, источно од денешната населба. Меѓутоа, по 1955
година, во Лескоец се доселил значителен број од планинските села Скребатно, Завој, Опеница и Сирула. 
Ова село има огрома историја, но наш совет е таа да ви ја раскаже Љупчо, кој со својот камион „Џејмс“ од Втората Светса Војна организира тури во целиот регион.
Станува збор за полудневна авантура во околината на Лескоец.
Турата се реализира по лош терен или по асфалтиран пат (во зависност од
барањата на групата). Љупчо вели дека овој камион е единствен кај нас како
оригинална верзија со мотор на бензин.
Поаѓањето е од Лескоец, село кое е на 4 километри од Охрид,
а се наоѓа на главниот пат за Битола. Турата продолжува по спореден пат кој
води до „Старо Лескоец“ на околу 2,5 километри. 
Од селото „Старо Лескоец“ на еден километар се наоѓа „Шанкот на Љупчо“ каде на околу 100 метри подолу Љупчо има нива на која ги чува своите шарпланинци и уште неколку „Џејмс“ олдтајмери. Во договор со организаторот овде одвојувате време за пауза, за проучување на олдтајмерите, за фотографирање и хранење на шарпланиците, за потоа групата да се упати кон „Шанкот на Љупчо“ каде тој ви приготвува скара.
Неговиот шанк има прекрасен поглед на Охрид и охридско
езеро.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Домашна храна покрај патот: идеја за нови туристички застанувања во Македонија
Британските штандови со домашни колачи инспирираат прашање: дали и во Македонија локалната храна може да стане причина за ново туристичко застанување?
Тим билдинг во Словачка, плус бонус трака до Виена!
Тим билдинг во Словачка со Кајак.мк, плус бонус трака до Виена!
Паметно патување во дигиталната ера: од избор на сместување до безбедно онлајн плаќање
Како правилно да ја користиме технологијата при патување? Совети за избор на сместување, проверка на информации, комуникација со домаќини и безбедно онлајн плаќање.
Македонски ајвар – традиција, домашна храна и есенски вкусови
Откријте ја приказната за македонскиот ајвар, традиционалното подготвување на зимница, семејните обичаи и автентичните гастрономски искуства во Македонија.
10 евтини градови во Европа за викенд-патување
Кои се најевтините градови во Европа за викенд? Откријте 10 дестинации, нивните знаменитости и како да го испланирате буџетот за патување.
Што да правите овој викенд во Скопје? | Кајак.мк
Барате идеја за викенд во Скопје? Откријте јајaње, прошетки со магариња, возење со пајтон и забавни активности во природа со Кајак.мк.