12.01.2021

Вилата „Кромпир“ на Попова Шапка достапна за изнајмување!

Вилата „Кромпир“ на Попова Шапка достапна за изнајмување!

Тимот на Кајак.мк ве информира дека нашата база со приватни сместување се зголемува со уште една вила сместена во срцето на Попова Шапка.

Воедно се надеваме дека нашата база наскоро ќе се збогати и со сместувачки капацитети надвор од границите, вклучувајќи ја Грција за летото 2021-ва, Албанија, Србија, Бугарија и секако Турција. Но во моментот треба да останеме стрпеливи и да уживаме во она што ни го нуди туризмот во Македонија. 

Чејаќи пак да падне снег на Маврово, Пониква и Крушево, каде што имаме ски центри, нашиот тим ве води на Шапка каде снегот е присутен одамна. Шапка може да се пофали со доста солидна бројка домашни туристи годинава, а се надеваме дека товарот кој го трпи ски центарот од туристите, ќе се разреди во наредните денови, доколку Маврово добие снежна покривка доволна за скијање. 

Како што ви кажавме на почетокот, во срцето на Попова Шапка се наоѓа куќата на Петар, која е достапна за изнајмување. Ова вила има една спална соба во поткровјето со два брачни кревети, спална со кревети на спрат и кревет на развлекување.


ПОВЕЌЕ ИНФОРМАЦИИ ЗА ВИЛАТА МОЖЕТЕ ДА НАЈДЕТЕ СО ЕДЕН КЛИК ОВДЕ. 


Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Македонија повторно изненадува: Антички мозаик откриен на локација за која малкумина знаат

Мозаикот во Пеленица кај Драчево открива нов дел од античката историја на Скопје. Откријте што пронајдоа археолозите.

November Run: 3.000 учесници минатата година, ново издание на 14 и 15 ноември

November Run 2026 ќе се одржи на 14 и 15 ноември во Гевгелија. Минатата година настанот привлече 3.000 учесници, од кои 1.300 на главните трки.

Аеродромот во Неапол е затворен цел ноември: што да проверите

Аеродромот во Неапол е затворен од 1 до 30 ноември за реконструкција на пистата. Дел од летовите се префрлени во Салерно.

Стоби: нови откритија во римскиот театар

По 17-та сезона истражувања во Стоби, археолозите документираа две градежни фази, заѕидан премин и предмети од доцната антика.

Пештера Врело на Матка: рекордни 338 метри | Кајак.мк

Експедицијата „Врело 2026“ ја истражи пештерата Врело на Матка до 338 метри. Дознајте што значи рекордот и како се посетува пештерата.

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!