27.12.2020

Романтична вила на 1200м надморска височина која ви нуди одлична приватност

Романтична вила на 1200м надморска височина која ви нуди одлична приватност

Јуни знае да биде врнежлив и студен, како што е годинава. Од тие причини ние ќе ви дадеме неколу предлози за тоа каде да ги поминете слободните “зимски“ денови преку лето.

(Базата на Кајак.мк во 2021-ва се проширува и со приватни сместувања во Грција, Албанија и Србија)


2021-ва година ќе биде година на индивидуалните или приватни патувања. Во престојните месеци нашиот тим ќе се фокусира да ви даде доста предлози за сместување во Македонија и во соседните земји каде ќе можете да бидете само вие и никој друг. Годинава ќе се фокусираме на семејството и најблиските пријатели. 

Во базата на Кајак.мк има голем избор на приватни сместувања кои може да бидат вашиот втор дом. Овие вили се идеални за луѓето кои работат од дома со тоа што ќе може да ја “преселат“ канцеларијата во природа барем на неколку денови.

Кајак.мк ве запознава со уште една еко- вила која се наоѓа на Сувилаки. Зошто ја нарековме еко? Затоа што ова вила има своја приватна градина во која се одгледуваат овојше и зеленчук кои се достапни на гостите (Во сезона).

Вилата им ја препорачуваме на оние кои се ранобудници и кои сакаат слободното време да го искористат за физичка активност во природа. Па кога сме веќе кај визичката активност, наш совет е да го посетите врвот Џами Тепе. Секако не сами, туку со искусни водичи кои ја владеат планината на зима. Доколу не сте физички активни, можете да прошетате во околината на врвот, односно да не се искачувате горе. Верувајте дека ќе бидете изненадени од прекрасната шума од бор и бука. 


Вилата според нејзините општи услови, се издава исклучиво на двајца или на еден брачен пар со деца. Таа има еден брачен кревет и еден седмосед. Се наоѓа на 1200 метри надморска височина и замислете нема никој во соседството.


Доколку сакате да погледнете повеќе фотографии од вилата, прочитате повеќе информации и контакт за резервација, кликнете ОВДЕ.

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Македонија повторно изненадува: Антички мозаик откриен на локација за која малкумина знаат

Мозаикот во Пеленица кај Драчево открива нов дел од античката историја на Скопје. Откријте што пронајдоа археолозите.

November Run: 3.000 учесници минатата година, ново издание на 14 и 15 ноември

November Run 2026 ќе се одржи на 14 и 15 ноември во Гевгелија. Минатата година настанот привлече 3.000 учесници, од кои 1.300 на главните трки.

Аеродромот во Неапол е затворен цел ноември: што да проверите

Аеродромот во Неапол е затворен од 1 до 30 ноември за реконструкција на пистата. Дел од летовите се префрлени во Салерно.

Стоби: нови откритија во римскиот театар

По 17-та сезона истражувања во Стоби, археолозите документираа две градежни фази, заѕидан премин и предмети од доцната антика.

Пештера Врело на Матка: рекордни 338 метри | Кајак.мк

Експедицијата „Врело 2026“ ја истражи пештерата Врело на Матка до 338 метри. Дознајте што значи рекордот и како се посетува пештерата.

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!