06.07.2022
Во моментов сме единствени кои го будиме Охридско езеро на поинаков начин
Во моментов сме единствени кои го будиме Охридско езеро на поинаков начин
Тимот на Кајак.мк
е среќен што денеска ја надополнува базата „КАДЕ ОВДЕ“ со услугите кои ги нуди
тимот на „Wake The Lake“ во
Охрид.
За оние кои првпат слушаат за „WAKE THE LAKE“, треба да знаат дека станува збор за центар за водени спортови кој располага со специјализиран глисер за Wakeboard, Wakesurf, скијање на вода, авантура со банана и разни гуми за влечење на поединци или грпа луѓе по езерото. Овде не се исклучува ниту опцијата за изнајмување на SUP даски.

Центарот организира
целодневни, полудневни и единечни тури, во зависност од заинтересираност на
групата и големината на истата.
Целодневната тура вклучува 8 часа на езеро, возење со wake/surf/ski во зависност од тоа за што е заинтересиран клентот. Се посетуваат приватни плажи и се ужива во средината на езерото, се органзиира забава на чамец, сончање и уживање. Во текот на денот има и пауза за ручек во една од кафеаните покрај езерото, а потоа се продолжува со уште една тура возење на зајдисонце.

Во моментот овој центар е единствениот во Македдонија кој организира тури од ваков карактер, со целосна опрема за сите водени спортови за сите возрасти. Максималниот капацитет на еден чамец е за 7 лица.

Ваквите тури
започнале да ги организираат се со цел да го доближат овој спорт до сите кои не
посетуваат свој глисер, а со цел да може да го искусат адреналинот и сите активности
на вода.
Повеќе информации
и резервации можете да добиете со еден клик ОВДЕ.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Македонија повторно изненадува: Антички мозаик откриен на локација за која малкумина знаат
Мозаикот во Пеленица кај Драчево открива нов дел од античката историја на Скопје. Откријте што пронајдоа археолозите.
November Run: 3.000 учесници минатата година, ново издание на 14 и 15 ноември
November Run 2026 ќе се одржи на 14 и 15 ноември во Гевгелија. Минатата година настанот привлече 3.000 учесници, од кои 1.300 на главните трки.
Аеродромот во Неапол е затворен цел ноември: што да проверите
Аеродромот во Неапол е затворен од 1 до 30 ноември за реконструкција на пистата. Дел од летовите се префрлени во Салерно.
Стоби: нови откритија во римскиот театар
По 17-та сезона истражувања во Стоби, археолозите документираа две градежни фази, заѕидан премин и предмети од доцната антика.
Пештера Врело на Матка: рекордни 338 метри | Кајак.мк
Експедицијата „Врело 2026“ ја истражи пештерата Врело на Матка до 338 метри. Дознајте што значи рекордот и како се посетува пештерата.
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!