29.07.2020

Во македонските планински дивини, кучињата секогаш се нашите придружници

Во македонските планински дивини, кучињата секогаш се нашите придружници

Димитрија Ристевски е професионален планинарски водич, водич аспирант на УИМЛА (единствена призната лиценца за организирање планинарски тури кај нас и во светот наменети за клиенти). Има активно искуство со планинарење веќе 8 години, а од неодамна и својата пасија, ја претвори во негова професија, креирајќи ја компанијата Above the clouds, со цел да ги долови планинските убавини и специфични искуства на што повеќе луѓе, притоа, чувствувајќи се максимално безбедно.


Македонија е 80% планинска земја. Изобилува со места кои повеќето Македонци не можат ниту да замислат дека се наши. Планински езера, скриени водопади, пасишта и длабоки шуми, атрактивни врвови, брзи реки, клисури, манастири, планинарски домови, бачила, села, богат растителен и животински свет. Aко навистина нашата земја е 80% планинска, можете само да замислите колку само не ја познаваме и не ги познаваме тие скриени предели кои се достапни само ако се обидеме да ги посетиме со пешачење.


            Димитрија Ристевски кој е планински водич вели дека планинарењето како дел од активниот туризам нуди многу на нашите и странски туристи. Покрај психофизичките бенефиции за здравјето кои самата активност ги нуди, ги збогатува животите на луѓето со нови искуства, предели, спомени, а секако, и нови квалитетни познанства. Туристите кои се одлучуваат за ваква активност најчесто се заинтересирани за природните убавини, но сакаат да ја вкусат и традиционалната храна, сакаат да кампуваат, да дознаат нешто повеќе за локалното население и да комбинираат повеќе различни искуства.


Она што е интересно како што вели Димитрија, фактот дека скоро на сите тури им се придружувале кучиња кои од стартна до крајна точка пешачеле со нив и се враќале назат. Тој вели дека тоа е инстинкт на самото животно да ги заштитува во дивината. Како група е секогаш безбездно да се кампува ноќе. Имаат спиено на многу високи локации ширум државата без никаков проблем. 


Комбинацијата на адреналин, природа, традиција, култура, гастрономија е добитна секогаш. Планинарските тури може да се одвиваат во сите сезони и секоја сезона има посебна убавина (секако, различна опрема е потребна во различни периоди од годината), а се прилагодени за сите љубители на природата, од најмали до постари, од оние без планинарско искуство до оние кои се поискусни и сакаат поинаков предизвик. Некогаш еднодневни, некогаш повеќедневни, секогаш автентични и единствени.


Најмногу во сеќавање ми остануваат реакциите и искрените насмевки на луѓето после повеќедневните тури, вели Димитар. Искрата во очите кога зборуваат за кампот и ѕвезденото небо, логорскиот оган и дружбата, чајот кој сами го берат и сирењето кое ќе го пробаат директно од некое од бачилата кои ги посетуваме.


Посебно и ноќните планинарења со дочек на изгрејсонце на некој од нашите врвови. Секое ново искуство е непроценливо богатство, а луќето се враќаат со повеќе приказни и креирани спомени. Интересно ми е кога имаме тура со Македонци и кога ќе ги однесам на некое планинско езеро или скриен водопад. Не можат да поверуваат дека тоа место е кај нас и дека единствено неколку часовно пешачење неделело од таа глетка.

 

Димитрија Ристевски

Водич аспирант 

077/525-616

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Што се случува оваа недела во Македонија: фестивали, концерти и летни настани

Откријте ги најинтересните настани во Македонија оваа недела – фестивали, концерти, културни случувања и идеи за викенд патување низ земјата.

Кајак.мк ве води во село Слепче

Слепче е дестинација која сè почесто ја избираат љубителите на мирниот одмор.

Кајак.мк ве води во село Пклиште

Токму овде, на Кајак.мк отсега можете да резервирате сместување во планински комплекс кој располага со капацитет за до 27 гости.

Добар Бар: Нов живот за еден стар градски киоск во Скопје

Добар Бар во Скопје покажува како стар градски киоск може да добие нов живот. Откријте ја приказната зад ова урбано катче со ретро карактер.

Галичката свадба повторно го оживеа Галичник

Галичката свадба повторно го исполни Галичник со вековни обичаи, мијачки носии и традиција. Откријте зошто ова е едно од најавтентичните искуства во Македонија.

Скриени плажи во Македонија: 7 места што ги знаат само локалците

Барате мирно место за капење? Погледнете кои се најубавите скриени плажи во Македонија и откријте природни заливи далеку од летните гужви.