12.04.2022
Наместо да заминеме во Германија, одлучивме да ја отвориме среќната фарма
Наместо да заминеме во Германија, одлучивме да ја отвориме среќната фарма
Тимот на Кајак.мк има една и единствена цел, а тоа е да ги
извади на површина сите локални херои кои вредат за Македонија, кои вредат за развојот
на оној туризам кој за жал се уште е недоволно застапен во нашата земја.
Од особена чест и неизмерна радост Ви ја споделуваме приказната на Дончо Јовановски, Цутка Јованоска кои со здружени сили ја градат приказната за „Среќна Фарма“.
Позади Среќна фарма стојат големи ентизијасти, поборници на
здравата исхрана и љубители на животните, луѓе со интегритет.
Главниот виновник за почетокот на приказната за фармата е Дончо Јованоски, економист по професија, природата го дарила и за умешност во изведба на градежни објекти. За него велат дека има и добар слух за музика, свири на синтисајзер и хармоника (самоук), израснат во средина која го учи на дефинирање проекти кои имаа еден краен правец – здрава храна.
Има несебична и целострана поддршка од неговата сестра Цутка Јованоска, исто, ентузијаст по природа и застапник за здрава храна и борец за етички приод во грижата при чувањето на животните.
Цутка вели дека огромна поддршка добиваат од нивните
пријатели и роднини, без кои ваквата приказна би немала реализација.
Она што би го издвоиле како посебен и занимлив момент е 2018-та година, кога Дончо Јованоски, како и многу млади во државата, посебно оние кои имаат претприемачки дух, бараат начин за кариерен развој. Тој прави два чекора, едниот е апликација на проектот Самовработување, а другиот е апликација за работа во Германија. Интересното е што успева и во двата чекора, ја добива работната виза за во Германија, но , исто така, го добива и проектот Самовработување. Со оглед на неговиот претприемачки дух и неговите студии од областа на економика на претпријатијата, тој носи одлука да го основа претпријатието „Ековита-2018“, во чиј наслов го има и белегот за годината на основањето, покрај асоцијацијата за здравата храна.
Првиот проект на „Ековита-2018“ е откуп и преработка на
шумски плодови, односно во 2018 година започнува да откупува шумски печурки, кои се
преработуваат (сушат) на начин да се задржат нивните нутритиенти.
Со оглед на фактот што шумските печурки имаат само сезонска
работа, „Ековита-2018“ има уште три главни замислени проекти до сега, двата се
ставени на хартија, едниот веќе со креиран проектен план со дефинирани
активности и во фаза на потрага по извори за финансирање, а другиот е „Среќна
фарма“.
Сите проекти имаат еден заеднички пат и водат кон иста цел - обезбедување здрава органска храна, бидејќи сметаат дека од секое нешто првенствено треба да се искористат предностите, а предностите на нашата држава не се многу, органското производство, човечкиот капитал и туризмот треба да ни се приматот.
Да се остави германската работна виза и можноста за
дејствување во далеку поразвиена европска држава и да се одбере да се успее во
нашата држава не е лесна и едноставна одлука, затоа што во вториот случај се вложува
мултиплициран труд и приносот е помал, но одлуката е да се оди тој пат и да се направи
обид да се докаже дека и тука може да се успее, велат од фармата.
Воопшто не е лесно, ако немате наследен капитал и ако одите по правиот пат, патот до успехот е многу подолг, но одлуката е таа, среќната околност и моторот на енергијата се: доброто воспитување, квалитетното стекнато образование и стекнатата работна навика, останатото ќе следува и времето ќе ги покаже резултатите, додава Цутка и вели дека според досегашните успеси, ако може да се наречат такви и гледајќи во какви услови се тие стекнати, вербата е голема.
Во теоријата има едно правило дека од карактерот на
претприемачот зависи и карактерот на претпријатието (организацијата, проектот и
сл.). Така, сите кои го знаат нашиот карактер се сигурни дека во Среќна фарма
има: Многу труд, ентузијастички приод, искреност. Тоа се трите нешта кои се
доволни за успех на еден ваков проект.
Локацијата на „Среќна фарма“ е во село Долно Зркле, област
Порече, општина Македонски Брод, околу петнаесетина колометри оддалечена од
Поречкото езеро или попознато како Козјак, кое скопјани и тоа како многу го
сакаат.
Таа локација не е случајна, тоа е местото на нивните родители, врска која никогаш не ја раскинале. Областа Порече е котлина и самото име кажува дека е по течението на река, долниот дел од Порече по течението на реката Треска, а горниот дел, во кој спаѓа и селото Долно Зркле, по течението на Мала Река. Среќна фарма се наоѓа токму до реката и целокупниот прекрасен амбиент ретко се опишува со зборови.
Ридско-планинските места се погодни за одгледување животни. Условите
кои ги обезбедуваат се во согласност со Законот за благосостојба на животните и
имаат добиено одобрение од Агенцијата за храна и ветеринарство и се прават
редовните контроли и испитувања на производот, кои се одредени за органскиот
начин на производство.
За Кајак велат дека досега не се случило некој случаен купувач да не прерасне во редовен муштерија, а тоа е благодарение на прекрасните пријатели и луѓето околу нив без кои не би успеале. Според Цутка, оваа приказна се претворила во среќно друштво кое е создадено благодарение на среќното јајце.
Ги запрашавме што е тоа што ја прави уникатна нивната
приказна, а Цутка на тоа ни кажа дека има неколку нешта по кои можат оваа
приказна да ја издвојат како уникатна.
Таа започна со примената на концептот на СРЕЌА, крајниот нивен посакуван резултат во секоја релација. Се трудат реално да придонесат да биде ова среќна приказна. Среќата почнува од слободата и стариот традиционален начин на одгледување на кокошките, најголемата нивна среќа доаѓа кога се на слобода, соодветна за нивната природа. Среќата продолжува на тој начин што тие носат здрави јајца. Кругот на среќата продолжува или таа се одразува и кај потрошувачите. Секогаш кога сме здрави ние имаме поголема основа за да бидеме среќни. Токму и затоа, слоганот е: Од среќни кокошки до среќни луѓе.
Нивната цел е фер или искрен пристап кон сите стејколдери,
посебно кон потрошувачите. Си поставиле цел дека нивниот потрошувач ќе има
целосна доверба за начинот на одгледување на кокошките, кој има пресудна улога
за квалитетот на јајцето.
Самите потрошувачи селското јајце веќе го нарекоа и: здраво
јајце, среќно јајце, златно јајце, органско јајце, поречко јајце. Само првиот
епитет е од фармата, сите други се стекнати во текот на овој мал период.
Храната со која ги хранат кокошките (нели надвор од нивната потрага по храна, треба да им се даваат житарици), дел ја произведуваат тие, она за што има услови во поречкиот крај, посебно пченката.
Поречкиот крај, исто така, изобилува со билки и имат во план
да вметнат уште една уникатност, а тоа е нивната среќа и благосостојба да ја
збогатат со билки во периодот кога ја нема, да ги сушат билките и да ги
додаваат во храната.
Среќна фарма не користи никакви хемиски додатоци за
зголемување на носивоста, ниту храна која е сомнителна.
Фармата од денеска е дел од базата на Кајак.мк во Гастрономија,
доколку сакате да стапите во контакт со нив, кликнете ОВДЕ.
Коментари
-
Зорица Зафировиќ
15.04.2023 13:34
Ве молам телефонски број за контакт. Ви благодарам, Среќни празници
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Јас сум Борче Стојков и произведувам вино кој може да си го дозволи секој
Денеска ве водиме во селото Стањевци, селце кое брои само 40 жители. Селото е одалечено 40 километри од Свети Николе и е на надморска висина од 500 метри.
За првпат во Македонија: Се отвори Комитски Конак во село Плешенци
Комитскиот конак во село Плешенци е уникатна приказна која започна да се испишува.
Нова планинска куќа во село П’клиште
Станува збор за нов објект кој има концепт на планински дом, со опремени соби за ноќевање, заедничка кујна, дневна просторија за дружба и простран двор со изградена фурна.
Се отворија новите дрвени планински куќички во Крушево
Планинските крушевски конаци ги отворија своите врати за гостите на Кајак.мк.
Велешанецот Најдовски гради успешна пчеларска приказна
Kога пишуваме за велешанецот Благојче Најдовски, ни се испреплетуваат многу битни информации, бидејќи неговата животна кариера, љубовта кон земјоделието и животното секојдневие се толку многу испреплетени, што можеме да ви потврдиме дека тој и додека спие-работи.
Во Радишани се отвори нов ресторан со традиционална домашна храна
За скопјани и луѓето од околината кои бараат викенд гастро дестинации, треба да имаат до знаење дека во Радишани се отвори нов етно комплекс во кој се приготвуваат вкусни домашни локални јадења.