25.04.2021

Собирањето тартуф во Македонија ми преставува спорт и туризам во едно

Собирањето тартуф во Македонија ми преставува спорт и туризам во едно

Македонскиот тартуф може да се комбинира со секоја храна. Од солени јадења па се до слатки, но највкусен е кога е изрендан врз храната, вели господинот Васко кој сиот свој живот го посветил во истражувањето и проучувањето на ова печурка.  


Васко живее во Удово, село на југот од Македонија. За Кајак.мк вели дека со ова хоби започнал да се занимава уште пред десет години. За тениката на собирање дознава од негов пријател од Србија, а потоа започнува да ја истражува Македонија.


Техниката за собирање на тартуф не е едноставна, вели тој. Треба посветеност и постојано изучување на природата и временските прилки. Најважно од се е да се има добар тим, кој за Васко е сочинет од кучиња. За успешна приказна се потребни добро дресирани кучиња кои ќе ви помагнат во пронаоѓањето на тартуфот.


Тој додава дека Македонија е богата со печурки, што според него е предност кога станува збор за здрава исхрана.


На почетокот од неговата кариера дресира кучиња од расата Lagotto Romagnolo“ кои според него се најдобрите помагачи. Овие кучиња се доста интелигентни и брзо учат. Васко ги дресира додека се мали, а со тек на време самите стекнуваат моторика за полесно пронаоѓање на тартуфот. За него најважно од се е кучињата да бидат постојано наградувани и почитувани. 


Ова хоби има повеќе предности, вели Васко. Ги истражувате македонските планини, имате поголема физичка активност и конзумирате здравата храна.


Кога станува збор за здравата исхрана, ова печурка има огромни здравствени продибивки. Најмногу се препорачува на луѓе кои страдат од дијабетес и кардиоваскуларни болести. Богат е со протеини и минерали, а исто така има големо количество на калциум, железо, натриум, магнезиум и многу витамини.


Поголемото количество од тартуфот го дели на неговите пријатели и блиски роднини, но вели дека секој кој е заинтересиран може да ја купи ова печурка дирекно од неговиот дом.

Васко вели дека на македонскиот тартуф  кој расте во природа треба да му се даде поголемо значење, а на луѓето кои се заљубени во ова хоби поголема почит. Потрагата по ова природно злато за Васко може да трае цел ден. Неговата авантурата започнува во раните утрински часови и може да заврши доцна во ноќта.


Заморот не му преставува проблем кога околу него ги има своите кучиња кои му даваат позитивна енергија. Има денови кога потрагата по тартуф завршува точно напладне, а остатокот од денот го поминува со нив во природа. Најголемото време го посветива на нив, бидејќи како што вели тој, кучињата имаат наголема заслуга за тоа каков ќе ви биде денот.

Васко има тригодишна ќерка за која се надева дека ќе покаже интерес за ова хоби и дека еден ден ќе бидат заедно на македонските планини. Секој заинтересиран може да го контактира господинот Васко на телефонскиот број: 075 275 687

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Ја заменив Норвешка со село Шлегово: Творењето ја води Маргарета низ животниот лавиринт

По осум години во Норвешка, Маргарета се вратила во село Шлегово, во потрага по поспокоен живот и повеќе време за творење. Инспирирана од природата и скандинавската естетика, денес создава уникатни ракотворби од рециклирани и други материјали.

Создавам работи кои не можат да се купат во продавница!

Од камчиња до 25.000 парчиња: Александар Радически од Гостивар создава уникатна уметност и им дава нов живот на заборавените предмети.

Домашна храна покрај патот: идеја за нови туристички застанувања во Македонија

Британските штандови со домашни колачи инспирираат прашање: дали и во Македонија локалната храна може да стане причина за ново туристичко застанување?

Тим билдинг во Словачка, плус бонус трака до Виена!

Тим билдинг во Словачка со Кајак.мк, плус бонус трака до Виена!

Паметно патување во дигиталната ера: од избор на сместување до безбедно онлајн плаќање

Како правилно да ја користиме технологијата при патување? Совети за избор на сместување, проверка на информации, комуникација со домаќини и безбедно онлајн плаќање.