15.03.2021

Уникатна планинска вила на Маврово која ви нуди одлична приватност

Уникатна планинска вила на Маврово која ви нуди одлична приватност

Новата 2021-ва година ќе биде година на уникатни и поразлични патувања. Ние ви овозможуваме навремено да се запознаете со сето она што е дел од нашата база, а и да започнете со планирање на пролетните патувања во Македонија но и надвор од неа. 

Денеска со радост ве известуваме дека во нашата база е додадена вилата „Пандора“ која е идеална за луѓето кои бараат приватност и уживање во изолација.


Вилата е одличен избор за луѓе кои сакаат планина на пролет и лето, бидејќи е опколена со шума која ви дава една поинаква димензија на вашето патување. Ентериерот на вилата е уникатно планински, што ви ја дава смислата на вашиот одмор.

Во вилата може да се сместат до 10 лица. Располага со две спални соби.
Во едната спална соба има еден брачен кревет и еден единечен кревет.
Во втората спална соба има три двоспратни кревети, а во дневната соба има софа кревет.


Во вилата може да се резервира и еден апартман за 3 лица. Односно спалната соба со брачен кревет и еден единечен кревет.

Вилата Пандора се наоѓа на 2 минути пешачење од езерото. Располага со двор во кој има скара. Таа има прекрасен поглед кон планината. Одалечена е 400 метри од ски центарот и располага со приватен паркинг. Она што треба да го знаете за престојната пролетна и летна сезона е тоа дека недалеку од објектот имате можност за изнајмување на велосипеди.


Покрај велосипедизмот, Мавроро е одлично за планинарење и пешачење, риболов и скијање до крај на сезоната.

Вилата располага со бесплатен Wi-Fi. За љубителите на домашни миленичиња, она што нашиот тим се радува да ви го соопшти е фактот дека сопствениците дозволуваат влез на домашни миленичиња.

Доколку сакате да погледнете повеќе информации за вилата, фотографии како и контакт за резервација, кликнете ОВДЕ.

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Тим билдинг во Словачка, плус бонус трака до Виена!

Тим билдинг во Словачка со Кајак.мк, плус бонус трака до Виена!

Паметно патување во дигиталната ера: од избор на сместување до безбедно онлајн плаќање

Како правилно да ја користиме технологијата при патување? Совети за избор на сместување, проверка на информации, комуникација со домаќини и безбедно онлајн плаќање.

Македонски ајвар – традиција, домашна храна и есенски вкусови

Откријте ја приказната за македонскиот ајвар, традиционалното подготвување на зимница, семејните обичаи и автентичните гастрономски искуства во Македонија.

10 евтини градови во Европа за викенд-патување

Кои се најевтините градови во Европа за викенд? Откријте 10 дестинации, нивните знаменитости и како да го испланирате буџетот за патување.

Што да правите овој викенд во Скопје? | Кајак.мк

Барате идеја за викенд во Скопје? Откријте јајaње, прошетки со магариња, возење со пајтон и забавни активности во природа со Кајак.мк.

Скопје со 50 директни дестинации: Македонците патуваат 29% повеќе

Скопје беше поврзано со 50 директни дестинации во летната сезона 2026, додека бројот на патници од Скопје и Охрид порасна за 29%.