19.05.2021
Организираме тури со електрички велосипеди на Галичица, Шара, Бистра и Јабланица
Организираме тури со електрички велосипеди на Галичица, Шара, Бистра и Јабланица
Ако нема снег, тогаш може и по зелени патеки. За луѓето кои се заљубени во планината,
не постои лошо време за посета. Тимот на Кајак.мк денеска разговараше со Михаил
Солаков, дел од тимот на Шараутдорс кои во изминатиот период се доста атрактивни
со нивните понуди за авантуристички туризам.
Мијаил ни раскажува дека со топењето на снегот на планините ски опремата и ратраците
се паркираат во гаражи и на нивното место доаѓаат електричните велосипеди со
кои се организираат тури низ Македонските планини.
Следејки ги светските трендови забележавме дека турите со електрични
велосипеди стануваат доста популарни и нудат можност за луѓето воедно да имаат
релаксиран авантуристички одмор кој нема претерано да ги уморува, а сепак тие
ќе бидат ќе бидат физички активни.
Електричните велосипеди се релативно нови на пазарот и нивната побарувачка
е се по голема. Тие се одличен начин за и не толку фит луѓе да можат да извозат
една по долга тура со цел да уживаат во пејсажите и убавините кои ги нудат
планинини.
Михаил вели дека електричните планински велосиепди кои ги користат се од
марката DRAG и се погодни и лесни за урпавување како за почетници така и за напредин
возачи на планински велосипеди.
Шараутдорс организира еднодневни и повеќедневни тури. Истите се одививаат на Шар Планина , Бистра како и Охридскиот регион на Галичица и Јабланица.
Најатрактивни еднодневни тури се :
Попова Шапка – Лешница – Шипковица. Оваа тура е во должина од 40 километри и ве води низ најживописниот регион на Шар Планина. Се тргнува од Попова Шапка и преку планински пат се вози до долината на Лешница каде што се прави кафе пауза и се посетуваат кадите на Кривошиска река. Од тука преку планински пат се продолжува до селото Бозовце каде што се приклулчува на асфалтниот пат кој преку селата Вешала и Бродец се до крајната точка на турата односно селото Шипковица. Од тука организираниот превоз ја носи групата назад до Попова Шапка. Низ должината на цела тура има прекрасни погледи кон врвовите Кобилица, Плат, Титов Врв како и втората и третата Лешничка карпа.
Леуново – Галичник. Оваа Тура во должина од околу 32 километри и има за цел да ве прошета низ Националниот Парк Маврово. Стартна точка е селото Леунова каде што преку шумски шат се вози нагоре према врвот Сандакташ. Откако ќе се излезе од шумата се продолжува кон бачилото Чафкарник. Тука се прави пауза каде што групата има можност да дегустира сирење. По одморот се продолжува јужно каде што се поврзува со главниот планински пат кој ги поврзува Маврово и Лазарополе. По приклучокот со овој пат со феноменален поглед према цел Кораб се продолжува западно се додека не се излезе на асфалтинот пат под врвот Царевец каде што по асфалт низ полето Тони вода се вози се до Галичник. Тука има можност за ручек каде што после тоа со организиран превоз групата се враќа назад до Леуново.
Велестово- Трпејца – Охрид. Tour de
Galichica во должина од 43-63 километри започнува во село Велестово каде што преку
планински пат се искачува и навлегува длабоко во Националниот Парк Галичица.
Оваа тура нуди прекрасни погледи кон Преспанското, а потоа и према Охридското
Езеро, а не се изоставува и можноста да се видат и диви животни. Возејќи во
јужен правец низ карстното поле на надморска височина од 1500 метри се стигнува
до планинарскиот дом Асан Џура каде што се прави кратка пауза за кафе. Потоа по
истиот пат се продолжува кон Преспа каде што групата се приклучува на главниот
асфалтен пат кој ги поврзува Охрид и Преспа преку планина, а потоа се
продолжува да се вози западно до Липова Ливада односно стартното место за
искачивање на врвот Магаро.
Од тука почнува спуштање по асфалтен пат се до село Трпејца. Во зависност од расположението на луѓето како и нивната подготвеност може
да одлучи дали ќе се продолжи да вози уште 20 километри до
Охрид или со организиран превоз и групата да се врати назад.
Турите секогаш се спроведуваат со два водичи со цел да може да им се
посвети внимание и на брзите и на спорите возачи така што на крајот на денот
сите задоволни ќе ја завршат турата. Подршката од 4х4 возило секогаш е на
располагање при што доколку дојде до повреда или некоја несакана ситуација
лесно би можеле да се одговори, односно да се евакуира настраданото лице.
На прв поглед 40-60 километри на некого му изгледаат многу, но со
велосипедите со електрична подршка истите ќе може да ги поминете без проблем.
Турите ги имаме извозено многу пати каде што во групите сме имале мешавина
од активни и не толку физички активни луѓе, но секогаш турите ги завршувале
сите, вели Михаил и додава дека оваа година турите ги започнуваат од 26 Мај
каде што до 10-ти Јуни ќе бидат во Охрид со цел да организираат тури низ
Галичица, а потоа се селат на Шар Планина.
Во текот на летото информации за кога и каде ќе има тури ќе може да се
најдат на нивниот официјален профил на Facebook
I Instagram или на следниот линк:
https://www.facebook.com/sharoutdoors.balkan.adventures
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе

Планински стаклени иглу сместувања во кои можете да престојувате
Косово може да се пофали со многу нови и уникатни сместувања, кои тимот на Кајак.мк започна да ги лоцира и додава во базата на приватни сместувања.

Вила во Скопје со панорамски поглед на градот
Вилата има капацитет за 24 лица, што ви овозможува да ги сместите сите ваши гости од странство кои ќе ви дојдат на посета.

Организираме кањонинг во Мариово: Авантура за цело друштво
За првпат во Македонија, тим составен од професионалци ви го организираат денот за „планинарење по река“. Кањонинг во Мариово

Дали знаете дека може да ноќевате во македонската Кападокија?
Насловот во кој село Куклица го нарекуваме „Македонската Кападокија“ е со цел да ви потенцираме дека во Македонија има места кои треба да ги вреднуваме многу повеќе и да ги промовираме надвор од државата.

Вила во Демир Капија: Природа, активен туризам и гастрономија
Вила во Демир Капија

Феврурски тим-билдинг за успешна и продуктивна година
Минатиот викенд имавме можност да се дружиме со дел од вработените во компанијата „EOS ITech“, а како дестинација ни беше браната Градче и езерцето на Глобица каде имавме можност да уживаме во вкусните локлани специјалитети.