14.04.2020
Во Јужна Кореја веќе втор ден бројот на новозаразени е под 30
Во Јужна Кореја веќе втор ден бројот на новозаразени е под 30
Јужна Кореја денеска пријави дневно зголемување за помалку од 30 нови случаи на коронавирусот, втор ден по ред, информираа локалните здравствени власти. Вчера беа регистрирани 27 нови случаи, малку повеќе од 25 колку што имаше претходниот ден, соопштија корејските Центри за контрола и превенција на болести (KЦДЦ) во Сеул.
Вкупниот број случаи во земјата сега изнесува 10.564, додека бројот на починати се зголеми за пет на 222. Од 27 нови случаи, 12 биле од странство, со што вкупниот број на увезени случаи изнесува 940. Во петокот, исто така беа пријавени 27 нови случаи, што беше најмал број на новозаразени за 24 часа за 50 дена.
Врвот на епидемијата во земјата беше на крајот од февруари кога во еден ден беа регистрирани повеќе од 900 нови заразени. Во март е утврден јасен тренд на намалување на новозразени.
Cover photo:
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Македонија повторно изненадува: Антички мозаик откриен на локација за која малкумина знаат
Мозаикот во Пеленица кај Драчево открива нов дел од античката историја на Скопје. Откријте што пронајдоа археолозите.
November Run: 3.000 учесници минатата година, ново издание на 14 и 15 ноември
November Run 2026 ќе се одржи на 14 и 15 ноември во Гевгелија. Минатата година настанот привлече 3.000 учесници, од кои 1.300 на главните трки.
Аеродромот во Неапол е затворен цел ноември: што да проверите
Аеродромот во Неапол е затворен од 1 до 30 ноември за реконструкција на пистата. Дел од летовите се префрлени во Салерно.
Стоби: нови откритија во римскиот театар
По 17-та сезона истражувања во Стоби, археолозите документираа две градежни фази, заѕидан премин и предмети од доцната антика.
Пештера Врело на Матка: рекордни 338 метри | Кајак.мк
Експедицијата „Врело 2026“ ја истражи пештерата Врело на Матка до 338 метри. Дознајте што значи рекордот и како се посетува пештерата.
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!