12.12.2022

Горди сме на нашето македонско девојче „Станушина“ по која сме препознатливи

Горди сме на нашето македонско девојче „Станушина“ по која сме препознатливи

Има четири бази на Кајак.мк кои секојдневно се полнат со нови приказни. Првата е приватните сместувања кои веќе ги има со бројка од 405, атракции, гастрономски дестинации, а во изминатиот период отпочнавме и со полнење на „Бакалницата на Кајак.мк“ со нови тезги од кои можете да нарачате он-лајн нови и уникатни производи кои ги произведуваат македонските занаетчии и производители.


Од денеска во бакалницата на Кајак.мк своја тезга добива „Винарија Иванов“ чии вина можете да ги купите со еден клик ОВДЕ.

Ние разговаравме со Орданче, човекот кој стои позади брендот „Иванов“, а кој ни ја раскажа приказната за винаријата.


Иванов е мала семејна винарија која произведува вино од сопствени лозови насади. Регистрирана е од 2019-та година, но историјата е од пред 80 години кога дедото на Орданче засадил лозови насади. Денеска производството на вино му претставува семејна традиција, а од целата фамилија тој е првиот кој отпочнал професионално да се занимава со лозарство и винарство.


Запрашан што најмногу го прави горд од она што досега го има произведено, Орданче додава дека горди се на нивната Темјаника, Куве Бело, Куве Црвено, Мерло, а особено на нивното македонско девојќе „Станушината“ која е автохтона сорта на грозје и која ја има само во Тиквешијата.


Орданче вели дека е во преодна фаза да прерасне во производител на органско вино, а за некоја година очекува да отпочне со биодинамично производство каде не смее да се употребува никаков пестицид.

Доколку сакате да прочитате повеќе информации за неговото вино, а исто така да направите и нарачка, кликнете ОВДЕ.

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

November Run: 3.000 учесници минатата година, ново издание на 14 и 15 ноември

November Run 2026 ќе се одржи на 14 и 15 ноември во Гевгелија. Минатата година настанот привлече 3.000 учесници, од кои 1.300 на главните трки.

Аеродромот во Неапол е затворен цел ноември: што да проверите

Аеродромот во Неапол е затворен од 1 до 30 ноември за реконструкција на пистата. Дел од летовите се префрлени во Салерно.

Стоби: нови откритија во римскиот театар

По 17-та сезона истражувања во Стоби, археолозите документираа две градежни фази, заѕидан премин и предмети од доцната антика.

Пештера Врело на Матка: рекордни 338 метри | Кајак.мк

Експедицијата „Врело 2026“ ја истражи пештерата Врело на Матка до 338 метри. Дознајте што значи рекордот и како се посетува пештерата.

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Ја заменив Норвешка со село Шлегово: Творењето ја води Маргарета низ животниот лавиринт

По осум години во Норвешка, Маргарета се вратила во село Шлегово, во потрага по поспокоен живот и повеќе време за творење. Инспирирана од природата и скандинавската естетика, денес создава уникатни ракотворби од рециклирани и други материјали.