15.06.2020
Германија, Хрватска и Швајцарија меѓу земјите кои денеска ги отвараат границите
Германија, Хрватска и Швајцарија меѓу земјите кои денеска ги отвараат границите
Европската комисија го поддржа отворањето на внатрешните граници на Европската Унија од денеска, но само мал број земји навистина ќе го направат тоа, пишува СДК.
Во Германија, Белгија, Хрватска и Швајцарија, која не е членка на ЕУ, но е дел од Шенген зоната, веќе ја нема сообраќајната полиција по патиштата за да го контролира спроведувањето на рестриктивните мерки.
Чешка ги укина сите ограничувања за патувања од и во 26 земји, од што засега се исклучени државјаните на Велика Британија, Шведска, Белгија и Португалија.
И Грција ги отвори своите граници, дури и за туристите од далечни земји, како Јужна Кореја, Австралија, Нов Зеланд и Јапонија. Грција ќе им дозволи влез на македонските државјани од 1 јули.
Италија ги отвори границите уште на 3 јуни, а Полска го направи тоа во саботата.
Шпанскиот премиер Педро Санчес кажа дека земјата ќе дозволи слободни патувања од земјите од ЕУ од 21 јуни, но германските туристи уште од денеска смеат да доаѓаат на Балеарските Острови.
Извор: sdk.mk
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Хива – древниот град на Патот на свилата што National Geographic го издвојува за 2026 година
Хива во Узбекистан е меѓу дестинациите што National Geographic ги издвојува за 2026 година. Откријте го древниот град на Патот на свилата и неговото богато наследство.
За крај на оваа работна недела: 5 туристички вести што вреди да ги прочитате
Од новите правила за патување во Европа до дестинациите кои сè повеќе го привлекуваат вниманието на туристите.
Ако сте во Кочани, ова е едно место што гејмерите не треба да го прескокнат
Ако сте во Кочани, пробајте VR, PlayStation 5 и Formula Simulator. Одлична идеја за gaming, дружење, роденден или тим билдинг.
Ново бајковито место во Македонија каде можете да престојувате!
Ново бајковито место во Македонија каде можете да престојувате!
Охрид од поинаква перспектива: вино и традиционални вкусови
Откријте го Охрид од поинаква перспектива со македонски вина, локални сирења, сувомеснати производи и традиционални вкусови.
Македонија добива уште еден скриен рај! Нови уникатни дрвени куќички кај Кокино!
Македонија добива уште еден скриен рај! Нови уникатни дрвени куќички кај Кокино!