22.01.2021
5 причини зошто треба да го посетите Копаоник уште утре!
5 причини зошто треба да го посетите Копаоник уште утре!
Поздрав до сите наши патници и читатели кои се уште бараат низ нашата база приватни сместувања и размислуваат за тоа каде да го поминат зимскиот одмор или каде да поминат викенд со нивните најблиски. Многу важна информација која сакаме да ја споделиме со вас е таа дека во Србија може да се патува без PCR тест, односно патувањето кон нашиот северен сосед се одвива нормално. 
Нашиот тим веќе во наредните денови ќе ја прошири базата со приватни сместувања кои се наоѓаат на Копаоник, па доколку сте заинтересирани први да ги добиете понудите и да ги резервирате најдобрите датуми, тогаш оставете ни ваш e-mail или телефонски број со еден клик ОВДЕ.

Поради кои причини ви го препорачуваме Копаоник?
1.Копаоник е најголем скијачки центар во Србија и несомнено еден од најубавите центри во овој дел на Европа. За љубителите на скијањето, треба да знаете дека терените се прекрасно уредени со 62 км стази за алпско и нордиско скијање како и сноуборд парк кој е опремен по највисоките стандарди со патека со вкупна должина од 450 метри.

2. Благодарејќи на системот за вештачки снег кој покрива 97% од капацитетот на ски центарот, ски сезоната трае подолго и не зависи од временските услови. Копаоник е одличен за сите генерации. За младите поради рестораните и кафулињата кои работат до 9 часот, за родителите со мали деца поради блискоста на ски стазите и можноста за користење на сноу паркот со зимски активности – санкање, лизгање.

3. Поради феноменалната надморска височина која е околи 1770 метири до 2.017 м за тие кои скијат. Ова укажува дека климата на Копаоник е прекрасна. Со постојани врнежи од снег и многу сончеви денови. Копаоник е добра опција за љубителите на добрата фотографија, бидејќи има прекрасни места за фотографирање.

4. Поради блискоста со Македонија. За да престигнете на Копаоник со поаѓање од Скопје вам ви се потребни од 4 до 5 часа возење со автомобил што ви укажува на фактот дека патувањето не може да биде заморно и дека се пристигнува за кратко време.

5. Поради воздухот. Свежиот планински воздух е одлична превенција од разновидни болести, а и лекување на дел од нив особено сега во време на пандемија и во време кога децата учат од далечина. Совет на тимот на Кајак.мк е да им обезбедите на вашите деца барем на викед да може да уживаат на планина.

И секако поради уникатните сместувачки капацитети. Како што и ви споменавме, наскоро ќе ја прошириме нашата база со приватни сместувања на Копаоник. Дали сакате да добиете известување со повеќе информации? Доколку сакате да бидете во тек, оставете ни ваш e-mail адреса и телефонски број, на следниот линк: http://kajak.mk/kontakt (кликнете на линкот)
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Катамаран тури на Охридско Езеро – Ново искуство достапно преку Kajak.mk
Откријте ги новите катамаран тури на Охридско Езеро. Панорамски крстарења, Св. Наум, Заливот на Коските, Радожда, Сини Лагуни и приватни пловидби за незаборавно езерско искуство.
Организиравме незаборавен тим-билдинг со кино под отворено небо и вечера на Св.Заум
Организиравме незаборавен тим-билдинг со кино под отворено небо и вечера на Св.Заум. Кајак.мк со уникатни тим билдинг патувања во Македонија.
Македонија на две тркала: Најубавите моторџиски патишта и авантури низ скриените предели
Моторџиски патишта во Македонија: Најубави рути за возење со мотор Откријте ги најдобрите моторџиски рути во Македонија – планински превои, езера, села, природа и авантури за љубителите на мото туризмот.
Што се случува оваа недела во Македонија: фестивали, концерти и летни настани
Откријте ги најинтересните настани во Македонија оваа недела – фестивали, концерти, културни случувања и идеи за викенд патување низ земјата.
Кајак.мк ве води во село Слепче
Слепче е дестинација која сè почесто ја избираат љубителите на мирниот одмор.
Кајак.мк ве води во село Пклиште
Токму овде, на Кајак.мк отсега можете да резервирате сместување во планински комплекс кој располага со капацитет за до 27 гости.