25.11.2020
Запознајте ја Снежана: Жената која ги импресионира странските туристи со својата храна и локација
Запознајте ја Снежана: Жената која ги импресионира странските туристи со својата храна и локација
На падините на планината Стогово во западниот дел на Македонија на надморска височина до 770 метри се наоѓа мијачкото село Долно Мелничани. Село кое е опкружено со дабова шума и има прекрасен видик кон Дебарското езеро, чиниш се наоѓате на Амалфи во Италија. Во ова село се наоѓа домот на Снежана, жена која и тоа како ги импресионира странските туристи кои го посетуваат овој крај. 
Снежана не ја запознавме ниту од реклама, а ниту пак самата да ни е обрати. Неа ја запознавме од одличните коментари и оценки кои ги има на Google од многу странци кои ја посетиле. Па затоа, тимот на Кајак.мк реши дека време е таа да го заслужи своето претставување. 
Нејзината куќа во која престојуваат туристи се наоѓа на локација каде има пријатен и чист воздух, недалеку од локани кафулиња кои се протегаат по брегот на езерото. Од селото до градот Дебар има околу 10 минути возење или пак 7 километри. 
Доколку патувате од Маврово кон селото, верувајте дека ќе поминете покрај еден од најубавите предели во државата. Попатно можете да застанете на Бигорски манастир, да го посетите водопадот Дуф во село Ростуше, Дебарските бањи за кои пишувавме неодамна а за кои ќе може да прочитате на крајот на текстот. 
Со самото пристигнување во селото Долно Мелничани, ќе сфатите дека овие луѓе кои живеат овде го уживаат еден од најубавите погледи од својот дом. Викендицата на Снежана има местоположба во ридот, опколена со многу дрвја, зенило и тишина. Недалеку се гледа дебарското езеро, чиј поглед заедно со традиционала храна и мезе е добитна комбинација. 
Вие може да престојувате во ова викендица. Викендицата располага со две соби, тоалет со купатило и опремена кујна на првиот сптрат од куќата, дел кој нема никаква допирна точка со приземјето каде престојуваат сопствениците. 
Доручекот е секогаш вклучен во цената и тоа е предноста од престојувањето овде. Освен доручекот, гостите може исто така и да ручаат, а за ручек најчесто се подготвува турлитава, полнети пиперки, тавче гравче, мусака и тава ориз, како и вегетаријански и вегански специјалитети.
Најмогу гости има од јули до октомври, но сопствениците велат дека ги посетуваат во текот на целата година.
Повеќе фотографии и информации, како и телефон за резервации од вилата на Снежана, можете да најдете со еден клик ОВДЕ.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Паметно патување во дигиталната ера: од избор на сместување до безбедно онлајн плаќање
Како правилно да ја користиме технологијата при патување? Совети за избор на сместување, проверка на информации, комуникација со домаќини и безбедно онлајн плаќање.
Македонски ајвар – традиција, домашна храна и есенски вкусови
Откријте ја приказната за македонскиот ајвар, традиционалното подготвување на зимница, семејните обичаи и автентичните гастрономски искуства во Македонија.
10 евтини градови во Европа за викенд-патување
Кои се најевтините градови во Европа за викенд? Откријте 10 дестинации, нивните знаменитости и како да го испланирате буџетот за патување.
Што да правите овој викенд во Скопје? | Кајак.мк
Барате идеја за викенд во Скопје? Откријте јајaње, прошетки со магариња, возење со пајтон и забавни активности во природа со Кајак.мк.
Скопје со 50 директни дестинации: Македонците патуваат 29% повеќе
Скопје беше поврзано со 50 директни дестинации во летната сезона 2026, додека бројот на патници од Скопје и Охрид порасна за 29%.
Болотана – селото на стогодишниците: Дали Македонија ја има својата „Blue Zone“?
Болотана на Сардинија е позната по големиот број стогодишници. Што стои зад долговечноста и дали Македонија има свое село на долговечни жители?