12.04.2024

Рачно изработен и насликан накит од глина и дрво

Рачно изработен и насликан накит од глина и дрво

Од категоријата приказни за рачни изработки, денес ја издвојуваме онаа на брендот air.jewellery. Необичен накит изработен од глина и епоксидна смола. Оваа приказна почнува од рана возраст, со љубовта кон уметноста. Од цртање на лист хартија, потоа на платно, се до моментот на откривање и запознавање на глината како основен материјал. Како и секое совршено парче накит, нема специфично време за изработка, бидејќи целиот процес е уникатен и има повеќе етапи. Од правење на форми, печење, стругање, цртање, преливање со смола, подесување на ланец, до крајниот производ, временската рамка е прилично долга.

Главниот производ се ланчиња, но со тек на време обетките и брошевите се исто така барани од страна на клиентите. Најголема мотивација е првичната реакција на клиентите, кои се пресреќни што поседуваат уникатно парче накит.

-"Чувството кога некој се радува на ваша рачна креација е неописливо и тоа ме движи да продолжам да творам".

Во продолжение можете да погледнете некои од уникатните изработки.



Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Македонија повторно изненадува: Антички мозаик откриен на локација за која малкумина знаат

Мозаикот во Пеленица кај Драчево открива нов дел од античката историја на Скопје. Откријте што пронајдоа археолозите.

November Run: 3.000 учесници минатата година, ново издание на 14 и 15 ноември

November Run 2026 ќе се одржи на 14 и 15 ноември во Гевгелија. Минатата година настанот привлече 3.000 учесници, од кои 1.300 на главните трки.

Аеродромот во Неапол е затворен цел ноември: што да проверите

Аеродромот во Неапол е затворен од 1 до 30 ноември за реконструкција на пистата. Дел од летовите се префрлени во Салерно.

Стоби: нови откритија во римскиот театар

По 17-та сезона истражувања во Стоби, археолозите документираа две градежни фази, заѕидан премин и предмети од доцната антика.

Пештера Врело на Матка: рекордни 338 метри | Кајак.мк

Експедицијата „Врело 2026“ ја истражи пештерата Врело на Матка до 338 метри. Дознајте што значи рекордот и како се посетува пештерата.

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!