22.02.2022
Шумско домче идеално за месеците кои ни престојат
Шумско домче идеално за месеците кои ни престојат
Тимот на Кајак.мк разговараше со одговорните лица за шумскиот дом „Чичко Боро“ кој се наоѓа во Мала Река на Китка, а кои со години наназад на своите гости им организираат доста активен и уникатен одмор.

За извидничкиот
дом „Чичко Боро“ рековме дека е
идеално место за престој за време на внежливите денови бидејќи природата во кое
е вкопано изобилува со густа шума и многу зеленила, па замислете како уживате
со вашето кафе додека го слушате шумот од дождот.
Домот се наоѓа на 35 километри од центарот на Скопје, на планината Китка, Мала Река на 950 метри надморска височина. Природата изобилува со густа шума, а покрај Мала Река која е притока на реката Кадина има многу патеки за хајкинг и планински велосипедизам.

Во извидничкиот дом има место за сместување на 25 до 30 лица во две соби со кревети на спрат, заедничко купатило, комплетно опремена кујна со прибор за јадење и готвење и простор за дневен престој. Домот се загрева со печка на дрва. Најубавиот дел од престојот во Шумско домче е дворот со 1800 м² каде се поставени авантуристичките реквизити како зип-лајн, трамболина, слеклајн, мрежа за одбојка или бадминтон како и место за логорски оган и шатори.

Сигурно се прашувате како може да стигнете до домот? До извидничкиот дом се вози преку селата Долно и Горно Количани. Патот е асфалтиран до Црвена вода, меѓута треба да внимавате бидејќи на места има оштетување на асфалтот. Од Преслап до Мала Река има 9 км земјен широк пат каде е потребно повнимателно возење. Може да се патува со градски автомобил, но ние препорачуваме да се користи високо или теренско возило. До домот се стигнува за 1:30 час со бавно и внимателно возење.

Доколку имате потреба од организиран превоз, дополнително
можете да ги контактирате домаќините на објектот за да ви
организираат транспорт.
За домот се грижат волонтери од Прв Скопски Извиднички Одред
и Здружение за одмор и рекреација „Мала Река“ кои во моментот имаат отворен повик за собирање донации за реконструкција на домот. Повикот за донации можете да го погледнете со еден клик ОВДЕ, додека повеќе инфорамции за сместувањето, фотографии и контакт можете да најдете со еден клик ОВДЕ.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Македонија повторно изненадува: Антички мозаик откриен на локација за која малкумина знаат
Мозаикот во Пеленица кај Драчево открива нов дел од античката историја на Скопје. Откријте што пронајдоа археолозите.
November Run: 3.000 учесници минатата година, ново издание на 14 и 15 ноември
November Run 2026 ќе се одржи на 14 и 15 ноември во Гевгелија. Минатата година настанот привлече 3.000 учесници, од кои 1.300 на главните трки.
Аеродромот во Неапол е затворен цел ноември: што да проверите
Аеродромот во Неапол е затворен од 1 до 30 ноември за реконструкција на пистата. Дел од летовите се префрлени во Салерно.
Стоби: нови откритија во римскиот театар
По 17-та сезона истражувања во Стоби, археолозите документираа две градежни фази, заѕидан премин и предмети од доцната антика.
Пештера Врело на Матка: рекордни 338 метри | Кајак.мк
Експедицијата „Врело 2026“ ја истражи пештерата Врело на Матка до 338 метри. Дознајте што значи рекордот и како се посетува пештерата.
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!