29.02.2020

Вечер: Далај Лама веќе 80 години е духовен водач на Тибет

Вечер: Далај Лама веќе 80 години е духовен водач на Тибет

Далај Лама неделава одбележа 80 години од назначувањето за духовен водач на Тибет, мисија која речиси во целост ја помина во егзил и за време на која беше постојано осудуван од кинеските власти.

Стотици километри од велелпната палата Потала со 1000 соби во главниот град на Тибет, Ласа, овој будистички монах им служи на своите сонародници во егзил во Дарамсала, во подножјето на индиските Хималаи.

Иако се уште е општо профатен како водач на движењето за автономија на Тибет, глобалното внимание што го уживаше откако во 1989 година ја доби Нобелобата награда за мир за напорите со ненасилна борба да се сочува историското и културното наследство на неговиот народ, тоа внимание некако избледе.

Потоа, драстично се намали бројот на светски водачи и холивудски ѕвезди кои се натпреваруваа кој попрв ќе се фотографира со водачот на несреќните, протерани и угнетувани Тибетанци. Една од причините е товарот на годините на Далај Лама, но другата причина е се поголемиот економски раст и политичко влијание на Кина.


Кинезите го сметаат за волк во јагнешка кожа

Пекинг постојано го обвинува 84-годишниот Далај Лама дека поттикнува поделба на Кина и го смета за „волк во јагнешка кожа“.

Поради стравот од епидемијата на коронавирусот, неговиот кабинет објави дека нема да има свеченост по повод 80-годишнината ниту пак тредиционален духовен собир во март на кој вообичаено доаѓаат неговите следбеници од секаде од светот.

Кој е Далај Лама?

Роден е во семејство на селани од тибетското село Таксар, на 6 јули 1935 година. Бил препознат како реинкарнација на врховниот верски водач на тибетскиот будизам кога имал две години и откако препознал предмети кои му припаѓале на неговиот претходник.

Го добил името Јетсун Јампел Нгаванг Лобсанг Јеше Тензин Гјатсо – Свет Господ, Благородна Слава, Сочувствителен Бранител на Верата и Океан на Мудроста, па две години потоа дошол во Ласа за да биде поставен на 14-тиот далај лама.

На 15 години, откако кинеската војска извршила инвазија на Тибет, веднаш е прогласен за државен поглавар. Се обидел да ја одржи соработката со комунистичките власти па во 1954 година со Мао Це-тунг во Пекинг постнал спогодба според која останал номинален владетел на Тибет

Но, по избивањето на антикинеското востание во Ласа, во март 1959 година, кое е брутално задушено, со околу стотина илјади следбеници го напуштил Тибет и заминал за Дарамсала, во државата Мадја Прадеш во северниот дел од Индија, каде што воспоставил влада во егзил. Таму бегалците изградиле будистички школи и храмови.

Пеш преку Хималаите

Плашејќи се за својот живот, со 37 најбвлиски соработници, младиот монах ги препешачил Хималаите за да премине во Индија. Откако направил влада во егзил започнал кампања за враќање на Тибет во рацете на Тибетанците. Но, со текот на годините го прифати т.н. среден пат, повикувајќи на Тибет да му се даде поширока автономија.

Во моментов не е јасно како и дали воопшто ќе биде именуван насленик на сегашниот далај лама. Според вековниот обичај, постарите монаси ги посетуваат најмладите момчиња и бараат во кое дете се крие реинкарнираниот авалокитешвара бодисатва.

Сегашниот Далај Лама во 2011 година објави дека е можно тој да биде последниот духовен водач на Тибетанците, сакајќи да ја спречи Кина да именува негов наследник.

Преземено од: Вечер
Оригинален извор: Бука

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Македонија на две тркала: Најубавите моторџиски патишта и авантури низ скриените предели

Моторџиски патишта во Македонија: Најубави рути за возење со мотор Откријте ги најдобрите моторџиски рути во Македонија – планински превои, езера, села, природа и авантури за љубителите на мото туризмот.

Што се случува оваа недела во Македонија: фестивали, концерти и летни настани

Откријте ги најинтересните настани во Македонија оваа недела – фестивали, концерти, културни случувања и идеи за викенд патување низ земјата.

Кајак.мк ве води во село Слепче

Слепче е дестинација која сè почесто ја избираат љубителите на мирниот одмор.

Кајак.мк ве води во село Пклиште

Токму овде, на Кајак.мк отсега можете да резервирате сместување во планински комплекс кој располага со капацитет за до 27 гости.

Добар Бар: Нов живот за еден стар градски киоск во Скопје

Добар Бар во Скопје покажува како стар градски киоск може да добие нов живот. Откријте ја приказната зад ова урбано катче со ретро карактер.

Галичката свадба повторно го оживеа Галичник

Галичката свадба повторно го исполни Галичник со вековни обичаи, мијачки носии и традиција. Откријте зошто ова е едно од најавтентичните искуства во Македонија.